Литургија и освет на конак во с. Ињево – Радовиш

Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/inevo//

На 10. 10. 2010 година, 20 – та Недела по Педесетница, св. мч – ци Калистрат и др., св. мч – чка Акилина, Неговото Виокопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од радовишкото и штипското архиерејско намесништво, во најстарата црква посветена на Вознесението Христово во с. Ињево, отслужи Света Архиерејска Литургија и одржа пригодна беседа. По Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион, го освети новоизградениот конак при манастирската црква посветена на Рождеството на Пресвета Богородица во с. Ињево и им додели Благодарница на Црковното Настојателство од с. Ињево за сета нивна жртвованост при изградбата на конакот и чистотата на светите цркви во с. Ињево.