Литургија во параклисот Покров на Пр. Богородица во женскиот манастир во Злетово

Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/pokrov//

На 14. 10. 2010 година, три години од осветувањето на параклисот Покров на Пресвета Богородица, кој се наоѓа во комплексот на женскиот манастир Свети Спиридон – метох на Лесновскиот манастир, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион благоволи да принесе благодарна жртва, во сослужение на Игуменот на манастирот отец Дамаскин со братството. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.