Трибина: Штетноста и последиците од абортусот во Виница

Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/tribina//

На 15. 10. 2010 година, по иницијатива на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во Домот на културата Тошо Арсов во Виница, се одржа Трибина на тема: Штетноста и Последиците од Абортусот. Во преполнетата сала свои излагања имаа Митрополитот Брегалнички г. Иларион, игуменот на Лесновскиот манастир Неговото Високопреподобие отец Дамаскин, протоереј – ставрофор Бранко Богданов од Виница и г – ѓа д – р Гордана Панова, професор на Медицинскиот Факултет во Штип. По одржаните предавања предавачите одговараа на поставени прашања.