Панихида и Научен симпозиум посветен на животот и делото на Јосиф Ковачев

image

На 29. 10. 2010 година, по претходна покана и организација, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, изврши панихида на истакнатиот штипски и македонски учители и педагог Јосиф Ковачев, во Соборниот храм Свети Николај во Штип. По ова во организација на Универзитетот Гоце Делчев во Штип, во Ректоратот на Универзитетот Гоце Делчев во Штип се одржа Научен симпозиум за животот и делото на штипскиот и македонски учител и педагог Јосиф Ковачев, на кој свое обраќање имаа: деканот на Педагошкиот Факултет проф. д - р Кирил Цацков, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион на тема: Просветителската дејност на Црквата низ вековите, и Ректорот на Универзитетот Гоце Делчев проф. д – р Саша Митрев.