Воскресение – Втор ден во Кочани

image

Митрополитот Брегалнички г. Иларион на Воскресението Христово – Втор ден (25. 04. 2011 година), отслужи света воскресенска литургија во храмот посветен на Св. Вмч. Ѓорѓи во Кочани. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодно слово и на Своите верни чеда им го честита Празникот над Празниците – Воскресението Христово. На светата воскресенска литургија покрај многубројниот православен народ присуствуваше и Градоначалникот на Општина Кочани г. Ратко Димитров.