Воскресение – Трет ден во Радовиш

image

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион на Воскресението Христово – Трет ден (26. 04. 2011 година) отслужи света воскресенска архиерејска литургија во храмот Св. Троица во Радовиш. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодна беседа. На светата литургија, покрај многубројниот православен народ,

присуствуваше Градоначалникот на Општина Радовиш г. Роберт Велков, Претседателот на Советот на Општина Радовиш г. Сашко Николов и Советници при Советот на Општина Радовиш. После светата литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион ја посети Месната Индустрија „6 – ти Ноември“ во Радовиш сопственост на г. Ристо Димитров.