На Источен Петок – Балаклија потсрижување во расофор на сестра Гаврила, во Марена метох на Лесновскиот манастир

image

На 29. 04. 2011 година во манастирот посветен на Животворниот Извор на Пресвета Богородица - Источен Петок – Балаклија, во месноста Марена – Злетово, метох на Лесновскиот манастир, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со братството, ја потсрижа искушеничката Силвана во расофорна, при што и го даде монашкото име Гаврила и отсужи света воскресенска архиерејска литургија . На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб. За сите присутни верници беше организирана заедничка трпеза на љубовта во женскиот манастир Св. Спиридон, метох на Лесновскиот манастир.