Храмова слава во с. Горубинци – Свети Николе
- Детали
- Објавено: 02 Јуни 2011
- Посети: 26522
На 02. 06. 2011 година, Вознесение Христово – Спасовден, св. мч. Талалеј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од штипското архиерејско намесништво, во храмот посветен на Вознесението Христово – Спасовден во с. Горубинци – Свети Николе, отслужи света архиерјска литургија, одржа пригодна беседа, направи мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.
Камен темелник за изградба на нова црква во нас. Железничка во Штип
- Детали
- Објавено: 29 Мај 2011
- Посети: 24666
На 29. 05. 2011 година, Препод. Теодор Освештен, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Штип, го изврши чинот осветување и поставување на камен темелник за изградба на нова црква посветена на Светиот Иларион епископ Мегленски и одржа содражајна пригодна беседа.
Повеќе: Камен темелник за изградба на нова црква во нас. Железничка во Штип
Преосветување на црквата „Св. Архангел Михаил“ кај Музичкото школо во Штип
- Детали
- Објавено: 29 Мај 2011
- Посети: 22821
На 29. 05. 2011 година, Недела 6 – та за Слепиот, препод. Теодор Освештен, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Штип, ја преосвети црквата „Св. Архангел Михаил“ кај Музичкото средно училиште во Штип и отслужи света архиерејска литургија. На крајот од светата литургија, Митрополитот г. Иларион, одржа пригодна беседа.
Повеќе: Преосветување на црквата „Св. Архангел Михаил“ кај Музичкото школо во Штип
Камен темелник за изградба на нова црква во с. Рајчани - кочанско
- Детали
- Објавено: 28 Мај 2011
- Посети: 20072
На 28. 05. 2011 година, Св. Ахил еп. Лерински; св. Пахомиј Велики, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското архиерјско намесништво, го изврши чинот осветување и поставување на камен темелник за изградба на нова црква посветена на Света Троица во с. Рајчани, Спанчевка парохија – Кочанско архиерејско намесништво, општина Кочани во присуство на многубројен народ како и на Заменик Министерот за Одбрана при Владата на РМ г. Емил Димитров, Градоначалникот на Општина Кочани г. Ратко Димитровски и Градоначалникот на Општина Пробиштип г. Тони Тоневски.
Повеќе: Камен темелник за изградба на нова црква во с. Рајчани - кочанско
Преосветување на црква „Св. Николај“ во с. Мечкуевци – свети николско
- Детали
- Објавено: 22 Мај 2011
- Посети: 23152
На 22. 05. 2011 година, Недела 5 – та за Самарјанката, пренос на мошт. на св. Николај во Бари, св. Христофор и по повод 165 години од осветувањето на црквата Св. Николај во с. Мечкуевци – Свети Николе, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, ја преосвети црквата Св. Николај во с. Мечкуевци и отслужи света архиерејска литургија. На крајот од светата литургија, Митрополитот г. Иларион, одржа пригодна беседа повикувајќи ги луѓето на меѓусебна Христова љубов и на сите кои
Повеќе: Преосветување на црква „Св. Николај“ во с. Мечкуевци – свети николско
Литургија и Свештеничко Епархиско Собрание во манастирот Св. вмч. Пантелејмон во с. Пантелеј - кочанско
- Детали
- Објавено: 17 Мај 2011
- Посети: 24930
На 17. 05. 2011 година, препод. мч - чка. Пелагија, св. свешт – мч Силуан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, во манастирот Св. вмч. Пантелејмон во с. Пантелеј - кочанско, отслужи света архиерејска литургија. По светата литургија во конаците при манастирот, во присутво на целиот клир од Брегалничката епархија, се одржа редовното годишно Свештеничко Епархиско Собрание, со кое претседаваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, на кое се разговараше за црковно – духовниот живот во епархијата според Догматското и Литургиското учење на Светата Соборна Апостолска Црква.