Групна Венчавка на Пониква – Осоговски Планини
- Детали
- Објавено: 15 Мај 2011
- Посети: 26334
На 15. 05. 2011 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во манастирот Св. Василије Велики кој се наоѓа на Осоговските Планини во месноста Пониква, ја изврши Светата Тајна Брак на четири возрасни парови кои беа дел од иницијаторите и учесниците во изградбата на овој манастир. Во своето обраќање, Митрополитот г. Иларион, на брачните парови им ја честита Светата Тајна Брак и Им посака долг живот и преуспевање во верата.
Литургија, групна венчавка и освет на куполен крст во Делчево
- Детали
- Објавено: 10 Мај 2011
- Посети: 24686
На 08. 05. 2011 година, Недела трета на Мироносиците, св. ап. и евангелист Марко, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на свештеници од делчевското и кочанското архиерејско намесништво и јероѓаконот Пајсиј од Лесновскиот манастир, отслужи света архиерејска литургија и одржа пригодна беседа. По литургијата Митрополитот Брегалнички г. Иларион ја изврши светата тајна брак на над тресетина брачни парови од Делчево. По групната венчавка Митрополитот г. Иларион го освети новoизработениот куполен крст за новата црква Св. Наум во Делчево.
Храмова слава на црквата Св. Вмч. Георгиј во Кочани
- Детали
- Објавено: 06 Мај 2011
- Посети: 23460
На 06. 05. 2011 година, Св. вмч. Георгиј Победоносец - Ѓурѓовден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, во храмот кој е посветен на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец во Кочани, отсужи света архиерејска литургија. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион одража пригодна беседа, отслужи акатис на Св. вмч. Георгиј Победоносец, потоа со свештенството и верниот народ, со моштиите и иконата на Св. вмч. Георгиј изврши литија околу храмот и го благослови и пресече парзничниот леб. На светата литургија присуствуваше многуброен православен народ кој со искрена вера дојде да се помоли и поклони пред моштиите на Св. вмч. Георгиј Победоносец, кои токму, по повод храмовата слава на Кочани, беа донесени од манастирот Св. Гаврил Лесновски во Лесново на поклонение во Кочани.
Моштии на Св. вмч. Георгиј Победоносец во Кочани на Ѓурѓовден
- Детали
- Објавено: 06 Мај 2011
- Посети: 23006
На 05. 05. 2011 година, во предвечерието, во храмот посветен на Св. вмч Георгиј Победоносец, на голема радост за Градот Кочани, со Благослов на Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, од манастирот Св. Гаврил Лесновски во Лесново, од Игуменот на манастирот отец Дамаскин, беше донесена честица од моштиите на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец на поклонение за верниот православен народ. Пред почетокот на вечерната богослужба, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, ја освети новоизработената храмова икона со ликот на Св. вмч. Георгиј и отслужи Празнична Вечерна Богослужба.
Повеќе: Моштии на Св. вмч. Георгиј Победоносец во Кочани на Ѓурѓовден
Панихида на Револуционерот на Македонскиот народ Гоце Делчев
- Детали
- Објавено: 04 Мај 2011
- Посети: 20888
Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/goce// |
На 04. 05. 2011 година, во Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Штипско Ново Село, во чиј двор се наоѓа споменикот на големиот деец и револуционер Гоце Делчев, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион изврши панихида.
Повеќе: Панихида на Револуционерот на Македонскиот народ Гоце Делчев
Средба на Владиката Иларион со учениците од Штип
- Детали
- Објавено: 04 Мај 2011
- Посети: 17729
Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/ucenici// |