Цветници во Виница и освет на камен – темелник за нова црква во с. Уларци - кочанско
- Детали
- Објавено: 17 Април 2011
- Посети: 16769
На 17. 04. 2011 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, на празникот Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, отслужи Света Архиерејска Златоустова Литургија во храмот Св. Архангел Михаил во Виница, во присуство на многуброен верен народ а во сослужение на свештеници од кочанското и делчевското архиерејско намесништво. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион, произнесе празнично пригодно слово. Истиот ден во с. Уларци – кочанско освети
Повеќе: Цветници во Виница и освет на камен – темелник за нова црква во с. Уларци - кочанско
Концерт на Духовна музика во Кочани
- Детали
- Објавено: 17 Април 2011
- Посети: 16014
На 16. 04. 2011 година (Лазарева Сабота), со Благослов на Надлежниот Татко, Неговото Високопреосвештенство Митополитот Брегалнички г. Иларион, се одража Концерт на Духовна музика во салата на Правниот Факултет во Кочани. Концертот го организираше Црковното Настојателство при храмот Св. Вмч. Ѓорѓи во Кочани, а настап имаше хорот Свето Благовештение при храмот Св. вмч. Ѓорѓи во Кочани
Литургија и освет на крстилна во М. Каменица
- Детали
- Објавено: 11 Април 2011
- Посети: 15432
На 10. 04. 2011 година, 5 – та Недела на В. П. посветена на св. Марија Египетска, препод. Петар Мегленски, св. Иларион Исповедник, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во црквата „Успение на Пресв. Богородица“ во М. Каменица, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Василијева Архиерејска Литургија
. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодно и ја освети новата, целосно фрескоживописана, крстилна во камбанаријата при црквата во М. Каменица. На свечениот ручек, Градоначалникот на Општина на М. Каменица г. Дарко Митевски на Митрополитот Брегалнички г. Иларион Му врачи Благодарница за целосната подршка и соработка помеѓу Епархијата и Општината.
Акатис во Штип
- Детали
- Објавено: 08 Април 2011
- Посети: 17129
Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/akatis// |
Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во Петата недела од Великиот пост, на 08. 04. 2011 година, во Соборниот храм „Свети Николај“ во Штип, богослужеше мало повечерие со канон и акатис на Пресвета Богородица, во сослужение на свештеници од штипското архиерејско намесништво. На крајот, Митрополитот г. Иларион, кон присутните верници , произнесе пригодна беседа.
Благoвештение во Ново Село - Штип
- Детали
- Објавено: 07 Април 2011
- Посети: 14523
На 07. 04. 2011 година – Свето Благовештение, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Штипско Ново Село, во сослужение на свештеници од Штип, отслужи Света Архиерејска Литургија и одржа пригодна беседа.
Литургија во Лесново
- Детали
- Објавено: 05 Април 2011
- Посети: 12270
На 03. 04. 2011 година, 4 – та Недела од Великиот Пост посветена на „Св. Јован Лествичник“; препод. Јаков Исповедник; св. Кирил еп. Катански, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со братството, во манастирот „Св. Гаврил Лесновски“ во Лесново, отслужи Света Василииева Архиерејска Литургија.