Празнична Вечерна по повод споменот на Свети Гаврил Лесновски
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 27 Јануари 2022
- Посети: 1185
Празнична Вечерна по повод споменот на Свети Гаврил Лесновски
На 27.01.2022 год. во навечерието на празникот на Светиот Гаврил Лесновски, кој е заштитник и патрон на Лесновската света обител, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Празнична Вечерна богослужба во
Повеќе: Празнична Вечерна по повод споменот на Свети Гаврил Лесновски
Заупокоена Литургија во Скопје
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 22 Јануари 2022
- Посети: 1227
Заупокоена Литургија за помен на Архимандритот на Вааламскиот Манастир отец Методиј
На 22.01.2022 год. кога го чествуваме споменот на Св. мч. Полиевкт; св. Евстратиј; св. Филип Московски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во присуство на Архиепископот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, г.г. Стефан и во сослужение на свештенослужители од Скопската Епархија, отслужи Заупокоена Света Архиерејска Литургија, за помен на душата на Архимандритот на Валаамскиот манастир отец Методиј, во храмот „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
Собор на Свети Јован Крстител во Штип
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 20 Јануари 2022
- Посети: 1150
Собор на Свети Јован Крстител и Претеча во Штип
На 20.01.2022 год. кога Светата Православна Црква го празнува празникот Собор на Свети Јован Крстител и Претеча, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во параклисот „Преподобна Параскева - Петка“ при храмот „Св. Климент Охридски“ во н. Сењак - Штип.
Богојавление - Водици во Кочани
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 19 Јануари 2022
- Посети: 1235
Богојавление - Водици во Кочани
Истиот ден на 19.01.2022 год. кога Светата Православна Црква го празнува празникот Крштение на Господ Исус Христос - Богојавление - Водици, во 12 часот на мостот на Кочанската река, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во присуство на многуброен верен православен народ и свештенослужители од Брегалничката Епархија, изврши Голем Богојавленски водосвет и го потопи светиот крст.
Богојавление - Водици во Штип
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 19 Јануари 2022
- Посети: 1130
Богојавление - Водици во Штип
На 19.01.2022 год. кога Светата Православна Црква го празнува празникот Крштение на Господ Исус Христос - Богојавление - Водици, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во Епархискиот Соборен храм „Св. Николај“ во Штип. По Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион заедно со свештениците и многубројниот верен православен народ, како и градоначалникот на општина Штип г. Иван Јорданов, во литија се упати на Мостот на реката Брегалница, каде изврши Голем Богојавленски водосвет и го потопи светиот крст.
Литургија во Манастирот Св. Вмч. Пантелејмон
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 15 Јануари 2022
- Посети: 1118
Литургија во Манастирот Св. Вмч. Пантелејмон - Кочанско
На 15.01.2022 год. кога го чествуваме споменот на Претпр. на Богојавление; Св. Силвестер и преп. Серафим Саровски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во параклисот „Преп. Серафим Саровски“ при женскиот манастир „Св. Вмч. Пантелејмон“ - кочанско.