Соборен храм на Епархијата е храмот “Свети Николај” во Штип.

Архиерејски намесништва:

Штипско архиерејско намесништво:

Архиерејски намесник протоереј Николче Горѓев од Штип, ул. “Тошо Арсов” бр. 1; тел. 032/393-240;

Парохии при Соборен храм “Свети Николај” Штип, ул. “Тошо Арсов” бр. 1; тел. 032/393-240.

Парохиски свештеници:



1. Протоереј-ставрофор Бојан Димков, старешина на храмот, населба “Три Чешми”; тел. 032/304-461; 070/322-404; роден на 29. 04. 1957 година во с. Орел, средно образование завршил во МПБ во Скопје во 1977 година, ракоположен во ѓаконски чин 1978 година, а за свештеник на 18. 06. 1978 од Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Злетовско-струмички г. Ангелариј, во протоерејски чин произведен на 14. 01. 1989 година, а со право на носење на граден крст е одликуван на 04. 12. 2003 година од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

2. Протоереј Стојан Глигоров, ул. “Енгелсова” 12/1 Штип, тел. 032/393-778, роден на 04. 10. 1953 година во с. Долни Стубол, пробиштипско, каде и завршил основно образование. Средно образование завршил во МПБ во Скопје во 1973 година, ракоположен во ѓаконски чин на 12. 07. 1975 година, а за свештеник на 13. 07. 1975 од Митрополитот Злетовско-струмички г. Наум, во протоерејски чин произведен во 1981 година од Митрополитот Американско канадски и австралиски г. Кирил.

3. Протоереј Димитар Марковски, ул. “Струмичка” бр. 1 Штип; тел. 032/392-020, 071/693-993, роден на 07. 04. 1954 година во Владимирово, каде и завршил основно образование. Средно образование завршил во МПБ во Скопје во 1975 година, и Виша педагошка академија 1977 година и дипломирал на Богословскиот факултет на МПЦ – Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 28. 02. 1982 година, а за свештеник на 07. 03. 1982 од Епископот Тивериополски г. Горазд, во протоерејски чин произведен на 24. 05. 2000 година од Епископот Дремвитски и администратор Брегалнички г. Јован.

4. Протоереј Николче Ѓорѓев, ул. “Коле Неделковски” бр. 42 тел. 032/384-754; 070/264-684 е-маил [email protected] роден на 03. 04. 1967 година во Штип каде и завршил основно образование. Средно образование завршил во МПБ во Скопје и дипломирал на Богословскиот факултет на МПЦ – Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 19. 12. 1990 година, а за свештеник на 07. 01. 1991 од Митрополитот Брегалнички г. Стефан, во протоерејски чин произведен на 13. 03. 2003 година од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

5. Свештеник Методи Мирчовски, ул. “Јајце” 121/1, тел. 032/383-417, 070/464-244, роден на 15. 12. 1958 година во Владимирово, Берово. Средно образование завршил во МПБ во Скопје в

о 1977 и дипломирал на Богословскиот факултет на МПЦ – Скопје во 1983. Ракоположен во ѓаконски чин на 21. 11. 1985 година, а за свештеник на 21. 11. 1987 од Митрополитот Брегалнички г. Стефан.

5. Свештеник Станимир Стаменков, ул. “Дузлачки рид” Штип, тел. 032/388-243, 070/480-737, роден на 10. 07. 1959 година во с. Пухче. Средно образование завршил во МПБ во Скопје во 1980 година, ракоположен во ѓаконски чин на 15. 02. 1982 година, а за свештеник на 06. 03. 1982 од Епископот Тивериополски и администратор Злетовско-струмички г. Горазд.

6. Свештеник Златко Николовски, ул. “Дузлачки рид” Штип, тел. 032/381-968, 070/322-800, роден на 18. 01. 1977 година во Штип. Основно образование завршил во Карбинци. Средно образование завршил во МПБ во Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 02. 08. 1999 година, од Митрополитот Брегалнички г. Стефан, а за свештеник на 19. 12. 1999 од Негово Блаженство Архиепископ Охридски и македонски г. г. Стефан.

7. Свештеник Александар Денков, ул. “Балканска” бр. 1 Штип, тел. 071/217-804, роден на 29. 10. 1979 година во Штип, каде и завршил основно образование. Средно образование завршил во МПБ во Скопје во 1999 година и дипломирал на Богословскиот факултет на МПЦ – Скопје во 2005. Ракоположен во ѓаконски чин на 19. 03. 2006 година, а за свештеник на 06. 05. 2006 од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

8. Ѓакон Трајче Донев – парохиски ѓакон, ул. “Браќа Даневи” 4/8 Штип, тел. 032/395-910, роден 19. 07. 1975 година во Штип каде и завршил основно образование. Средно образование завршил во МПБ во Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 31. 08. 2006 година од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

Парохиски храм “Свети Николај” – Штип. Денешната монументална базиликална црква е подигната на црква од стари темели, која била изградена 1341 година. Ја изградил градителот Ѓорѓи Новаков Џонга, по примерот на градбите на Андреја Дамјанов, во време на Митрополитот Ќустендилски и Штипски Игнатиј, од кого е и осветена на 10 мај 1867 година. Црквата претставува трокорабна базилика, опкружена со тремови од западната, северната и јужната страна, кои на катот преминуваат во галерија. Внатрешноста на црквата е украсена со живопис на сводовите, како и неколку фрески на ѕидовите. Иконите на иконостасот се изработени од македонскиот зограф Димитар Андонов Папрадишки во 1869 година, како и од други зографи: Захарие Самоковлија, Атанасие Хризу, Хаџи Костадин од Велес, Јован Прилепчанин, Јован Атанасов, Коста Крстев. Фрескоживописот, како и копаничарските дела: богато украсениот балдахин во олтарниот дел и владичкиот трон во наосот на црквата се дело на Костадин Иванов Вангелов од Штип.

Параклис “Свети Архангел Михаил” Главатов – Штип. Датира од 14 век. Во 1981 година е извршена санација на истата. Иконите на иконостасот се од 19 век, автор непознат.

Црква “Свети пророк Илија” – Штип. Изградена е во периодот од 13 или 14 век. Се претпоставува дека поради нејзината местоположба која доминирала над градот, во време на османлиското ропство, 19 век (1822 година) била срушена, односно од истата црква е адаптирана џамија, наречена Хуса Медин Пашина џамија. Во историските извори оваа црква се спомнува како црква на поп Старие, која од страна на Константин Дејановиќ била приложена на манастирот Хилендар во 1381 година. Покрента е иницијатива за враќање на храмот во сопственот на МПЦ.

Црква “Свети Климент Охридски” (во изградба) – Штип. Камен темелникот за изградба е поставен на 22. 11. 1997 година, од Митрополитот Брегалнички г. Стефан. Црквата е изградена и фасадирана. Иконостасот во длаборез го работи копаничарот Стојмир Веселинов од Штип, а иконите на иконостасот зографот Никола Цонев од Скопје.

Новоселски парохии - Ново Село, Штип; “Успение на Пресвета Богородица” - (парохиска црква); ул. “Крсте Мисирков” бб; тел. 032/382-230;

Парохиски свештеници:

1. Свештеник Благојчо Миланов – старешина, ул. “Богомилска” бр. 7а, Штип, е- маил: благојцомилановЖѕахоо.цом тел. 032/395-787; 070/315-322, роден на 29. 06. 1980 година во Штип, каде и завршил основно образование. Средно образование завршил во МПБ во Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 02. 08. 2004 година, а за свештеник на 08. 08. 2004 од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

2. Свештеник Јовчо Ќурчински, ул. “Дузлачки рид” Штип, тел. 032/386-401, 070/309-401, роден на 28. 09. 1962 година во Орашец, каде и завршил основно образование. Средно образование завршил во МПБ во Скопје во 1982 година. Ракоположен во ѓаконски чин на 22. 05. 1988 година, а за свештеник на 01. 11. 1988 од Митрополитот Брегалнички г. Стефан.

“Успение на Пресвета Богородица” - Ново Село, Штип (парохиска црква); Црквата е отпочната со градба во 1836 година и завршена е во 1850 година. Изградена е од градителот Андреја Дамјанов со неговата тајфа – браќа и претставува голема трокорабна базилика со пространи галерии на катот. Иконите на иконостасот се од истиот период, изработени од зограв Станислав Доспевски, Станилов, Вангелов, Крсте зограф, Теодосие, Папрадишки, Христо од Самоков, Захарија Самоковлија, а фрескоживописот на куполите се претпоставува дека е изработен во истиот период од Ѓорѓи Дамјанов. Длаборезот на иконостасот, балдахинот, царските двери и владичкиот трон се изработени во истиот период од Никола Дамјанов. Кога и од кој архиереј е осветена нема податоци.

Манастир “Покров на Пресвета Богородица” – Ново Село, познат под името “Бабите”. Кога и од кој архиереј е осветена нема податоци.

Црква “Вознесение Христово” – Ново Село. Изградена е 1369 година од војвода Димитрие. Се наоѓа на патот Штип – Ново Село од левата страна на реката Отиња. Во 1971 година се вршени конзерваторски работи на фрескоживописот, при што е откриен живопис од 1369 година, врз кој, подоцна, односно во 1601 година е насликан нов фрескоживопис од непознат автор.

Црква “Свети Јован Крстител”. Мала еднокорабна црква, изградена високо на карпите од десната страна на патот Штип - Ново Село. Изградена и живописана е со средства на Иванко Пробиштиповиќ. Кога и од кој архиереј е осветена нема податоци.

Параклис “Свети Архангел Михаил” (Фитијата) – Штип. Изграден е лево од патот кој води од подградието кон главниот влез на тврдината Исар во 1332 година. Формата на градбата е крстообразна изградена со сиво зелен пештер и цигли со малтер, со живописни фасади и складни архитектонски форми. Во моментов црквата нема фрескоживопис, но постојат докази дека црквата била фрескоживописана. Во време на турското освојување постоела како црква, која Али Бег ја претворил во џамија, со што се уништил и фрескоживописот. Во 2000 година е направен нов иконостас од мермер и се изработени нови икони, кои се дело на зограф Перо од Скопје.

Параклис “Отсекување главата на свети Јован Крстител”. Црквата е изградена во 1970 година, во времето на Митрополитот Злетовско-струмички Наум.

Гробјанска црква “Света Троица”, изградена 1922 до 1925 кога е и осветена, не е познато од кој архиереј. Црквата е ктиторско дело на Тодор Чепреганов од Штип.

Светиниколски парохии – Свети Николе. “Свети Николај” - (парохиска црква); ул. “Цветан Димов” бр. 12; тел. 032/443-838;

Во составот на овие парохии влегуваат градот Свети Николе и селата: Бориловци, Мустафино, Ѓуѓанци, Орел, Стануловци, Мечкуевци, Богословец, Немањици, Ранченци, Кнежје, Ѓузумелци, Амзабегово, Сопот, Трстеник, Крушица, Преод, Малино, Горобинци, Алакинци, Џидимирци, Пеширово, Црнилиште, Ерџелија, Сарамзалино, Кадрифаково и манастирот “Света Богородица” во Ѓуриште. (н.з. од наведените населени места повеќе од половината се отселени).

Парохиски свештеници:

1. Протоереј-ставрофор Јордан Тасев – старешина, ул. “Кичевачка” бр. 15, Свети Николе, тел. 032/441-861; 071/636-556, роден на 13. 01. 1948 година во Немањици, каде и завршил основно образование. Средно образование завршил во МПБ во Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 20. 03. 1970 година, а за свештеник на 21. 03. 1970. Произведен за протоереј на 14. 03. 1992 година, а со ставрофорско достоинство, по одлука на САС е одликуван во 2003 година.

2. Свештеник Зоран Мицевски, ул. “Моша Пијаде” бр. 33, Свети Николе, тел. 032/442-591; роден на 03. 10. 1961 година во с. Канарево - кумановско, каде и завршил основно образование. Средно образование завршил во МПБ во Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 17. 04. 1983 година, а за свештеник на 13. 05. 1983 од Епископот Тивериополски и администратор Злетовско-струмички г. Горазд.

3. Свештеник Киро Давчев, ул. “11 Македонска бригада” бр. 74, Свети Николе, тел. 032/443-644; роден на 11. 05. 1964 година во с. Орел, завршил основно образование во с. Немањици. Средно образование завршил во МПБ во Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 14. 10. 1985 година, а за свештеник на 20. 06. 1985 од Епископот Тивериополски и администратор Злетовско-струмички г. Горазд.

4. Свештеник Јонче Јанков, ул. “Скопска” бр. 94, Свети Николе, тел. 032/442-508; роден на 08. 08. 1961 година во с. Орел, завршил основно образование во Немњици. Средно образование завршил во МПБ во Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 08. 11. 1988 година, а за свештеник на 08. 12. 1988 од Митрополитот Брегалнички г. Стефан.

5. Свештеник Столе Тасев, ул. “Септемвриска” бр. 1, Свети Николе, тел. 032/441-701; роден на 07. 03. 1977 година во Свети Николе, каде и завршил основно образование. Средно образование завршил во МПБ во Скопје и дипломирал на Богословскиот факултет на МПЦ во Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 06. 11. 2005 година, а за свештеник на 15. 01. 2006 од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

6. Ѓакон Тони Петрушев, ул. “Карпошева” бр. 87, Свети Николе, тел. 032/441-602; 070/831-263 роден на 31. 08. 1974 година во Свети Николе, каде и завршил основно и средно образование. Дипломирал на Богословскиот факултет на МПЦ во Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 06. 03. 2005 година, од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

Црква “Свети Николај” – Свети Николе (стара црква). Изградена е 1847 година, од кој период се и иконите. Автор е Ѓорѓи Зографски и непознати автори. Податоци од кој архиереј е осветена нема.

Црква “Свети Никола” – Свети Николе (нова). Новата црква е надградба на старата. Темелите се осветени на 25. 10. 1983 година од Негово Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Ангелариј. Осветена е на 14. 10. 1990 година од Митрополитот Брегалнички г. Стефан. Иконите на иконостасот и фрескоживописот во олтарскиот дел се дело на зографот Драган Ристевски од Охрид.

Гробјанска црква “Свети Архиѓакон Стефан”. Изградена е 1910 година. Иконите во најголем дел се од Ѓорѓи Зографски и непознат автор од 1929 година. Од кој архиереј е осветена нема податоци. Во 2006 година црквата е реновирана и е дограден нартекс.

Црква “Успение на Пресвета Богородица” – Немњици. Изградена е во 1848 година, од кој период се и иконите од зограф Атанасие од Крушево. Податоци од кого е осветена нема.

Црква “Свети великомаченик Ѓорѓи” – Ранченци. Изградена е во 19 век, од кој период се и иконите од непознат автор. Со податоци од кој архиереј е осветена не располагаме.

Манастир “Света Недела” – Ранченци. Изграден околу 1930 година. Иконите се од 20 век (1927) од Зографски и непознати автори. Со други податоци не располагаме.

Црква “Свети Никола” – Кнежје. Изградена е во 19 век, од кој период се и иконите, од непознат автор. Со податоци од кого е осветена не располагаме.

Црква “Свети Ѓорѓи” - Ѓозлемелци, 1584, зографисана и реставрирана. За иконите и фрескоживописот немаме податоци. Црквата е ктиторство на локален великодостојник Кир Пројча.

Манастир “Св. Пророк Илија” Старо Село – Немањици. Нема податоци кога е изграден. Срушен е во време на турското владеење, а денес постои само олтарската апсида.

Црква “Св. Ѓорѓи” – Амзабегово. Изградена е 1982 година и истата година е осветена од Епаскопот Тивериополски и администратор Злетовско-струмички г. Горазд.

Црква “Вознесение Христово” (во изградба) – Горобинци. Камен темелникот е поставен на 27. 11. 1997 година од Митрополитот Брегалнички г. Стефан. Иконите и фрескоживописот во олтарскиот дел и куполата се дело на зографот Драган Ристевски од Охрид и оваа јубилејна година треба да биде осветена.

Црква “Свети Никола” – Сопот, 1878 година. Иконите и фрескоживописот во куполата се од 19 век и се дело на непознати автори (мајстори од кратовска тајфа) и Петре.

Црква “Вознесение Христово” – Крушица, 15 или 16 век. Црквата е фрескоживописана. Иконите се од 19 век, а од кого е светена и од кого се иконите и фрескоживописот нема податоци.

Црква “Свети вмч. Димитриј” – Преод. Кога е изградена и од кого е осветена нема податоци. Иконописот и иконите се изработени 1871, од Хаџи Коста во најголем дел и непознати мајстори, најверојатно од мајстори од кратовска тајфа.

Црква “Вознесение Христово” – Малино. Се претпоставува дека е изградена во време на турското владеење, а од кого е осветена нема податоци, иконите се од 19 век од непознат иконописец.

Манастир “Света Богородица” - Ѓуриште. На местото од сегашната манастирска црква, постоела друга, која од страна на Турците, во 16 век била срушена. Сегашната манастирска црква, во помали димензии и без купола е возобновена 1920-1930 година. Иконите на иконостасот се од 19 век, а не е познато од кој зограф се. Со други податоци не располагаме.

Црква “Воздвижение на Светиот Крст Господов” – Кадрифаково (во изградба). Камен темелникот е поставен на 27. 09. 2002 година од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

Црква “Свети Прохор Пчински” – Пеширово. Камен темелникот е поставен на 18. 11. 2001 година од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

Црква “Свети апостоли Петар и Павле” – Ерџелија. Камен темелникот е поставен на 11. 11. 2006 година од Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

Црква “Успение на Пресвета Богородица” – Сарамзалино. Камен темелникот е поставен на 14. 01. 2007 година од Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

Црква “Свети Никола” – Бориловци. Една од најстарите сочувани цркви во овчеполието. Потекнува од 9 век, а фрескоживописот е од 14 век. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена.

Црква “Свети Никола” – Д. Ѓуѓанци. Црквата е изградена во 19 век на стари темели од 16 или 17 век. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена. Иконите се од 19 век, се претпоставува дека се дело на Коста зограф и други непознати мајстори.

Црква “Свети Ѓорѓи” – Орел. Изградена е во 19 век, а кога и од кој е осветена не е познато. Се претпоставува дека иконите се дело на кратовски зограф. Нема фрескоживопис.

Црква “Свети Димитриј” – Стануловци. Се претпоставува дека е изградена во 15 век, иконите се од 19 век од Х. Коста и непознат автор. Црквата во 2003 година е опожарена и од вредностите ништо не е останато.

Црква “Вознесение Христово” – Строиманци. Црквата е во руинирана состојба и не е познато од кој период е и кога и од кој архиереј е осветена.

Црква “Свети Николај” - Мечкуевци. Изградена е 1846 година. Иконите се од 19 век, а се претпоставува дека се од непозната кратовска тајфа. Не е познато од кој архиереј и кога е осветена.

Манастир “Света Петка” – Мечкуевци. Сегашната црква е изградена во 1925 година до темели на оддалеченост до 10 метри од стара црква, изградена 1570 година, која била срушена за време на турското владеење. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена.

Црква “Свети Јован Богослов” – Богословец. Изградена е во 1825 година од непознати мајстори, од кој период се и иконите, во најголем дел од Андон од Папрадиште, Ангелко од Папрадиште, Хаџи Коста, Јован Прилепчанин и непознати. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена.

Горно-балванска парохија. Парохиска црква “Свети Никола” – Крупиште. Во составот на ова парохија се селата: Крупиште, Горни Балван, Долни Балван, Судик, Срчиево, Врсаково, Горно Трогерци, Долно Трогерци, населбите “Три Чешми” и “Свињогојство”.

Парохиски свештеник Тоде Малинковски, ул. “Брегалничка” бр. 33, Штип, тел. 032/396-876; роден на 26. 08. 1963 година во Штип, каде и завршил основно образование. Средно образование завршил во МПБ во Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 03. 06. 1986 година, а за свештеник на 08. 06. 1986 од Епископот Тивериополски и администратор Злетовско-струмички г. Горазд.

Црква “Свети Никола” – Крупиште. Изградена на темели од стара базилика во 1625, а живописана 1627 година, од кој период датира и фрескоживописот и иконите. Делумно живописот е обновен 1880 година, од кој период има и икони од Даниил, Исаја Дебренин и непознати. Кога и од кој архиереј е осветена нема податоци.

Црква “Свети Јован Крстител” – Горни Балван. Изградена е и осветена во 19 век, а живописана 1878 година. Иконите на иконостасот се од истиот период. Од кого е осветена и од кого се фрескоживописот и иконите немаме податоци.

Црква “Свети вмч. Ѓорѓи” – Долни Балван. Не е познато кога е изградена и осветена. Иконите се од 19 век од непознат автор.

Црква “Света Петка” – Судик. Црквата е изградена во 19 век, а возобновена 1956 година. Нема податоци од кого е изградена и осветена. Иконите и дел од фрескоживописот се од 19 и 20 век од Костадин Иванов Вангелов, зограф од Штип.

Манастир “Света Недела”- Штип. Камен-темелник е поставен 14. 09. 1967, а осветен 1968 од Митрополитот Злетовско-струмички Наум.

Црква “Света Богородица” н. “Свињогојство”. Изградена е во 1978 година, а осветена на 18. 02. 1979 година од Митрополит Дебарско-кичевски и администратор злетовско-струмички г. Ангелариј.

Црква “Света Петка” н. “Свињогојство”. Изградена е 1975, осветена на 21. 03. 1976 година од Митрополит Злетовско-струмички г. Наум.

Црква “Света Петка” – Срчиево. Изградена е 1973 година и истата е срушена во 2003 година и е започната нова и сеуште е во изградба. Не е осветена.

Црква “Свети пророк Илија” н. “Три Чешми” (во изградба). Камен темелникот е поставен на 07. 04. 1994 година.

Црква “Света Троица” – Горно Трогерци. Се претпоставува дека е изградена во 19 век. Иконите се од 19 век од Анастас од Крушево и непознати автори. Кога и од кој архиереј е осветена нема податоци.

Осма приградска парохија. Во составот на ова парохија се селата: Долани, Љуботен, Лесковица, Брест, Пиперово.

Парохиски свештеник Атанас Петров, ул. “Христијан Карпош” бр. 64, Штип, тел. 032/383-846; роден на 31. 01. 1968 година во Штип, каде и завршил основно образование. Средно образование завршил во МПБ во Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 08. 12. 1992 година, а за свештеник на 19. 12. 1992 од Митрополитот Брегалнички г. Стефан.

Црква “Свети пророк Илија” – Долани. Изградена, осветена и зографисана е 1919 година. Од кого е осветена и зографисана немаме податоци.

Црква “Свети Симеон Столпник” – Долани. Изградена е 1980 година. Не е осветена.

Црква “Отсекување на главата на свети Јован Крстител” – Љуботен. Изградена и осветена 1936 година. Црквата е зографисана. Нема податоци од кого е осветена и зографисана.

Црква “Свети вмч. Ѓорѓи” – Лесковица. Изградена 1867, осветена 1894 година, од кој период се и иконите од непознат автор. Зографисана. Кога и од кој архиереј е осветена нема податоци.

Црква “Свети Атанасие Велики” – Брест. Изградена и осветена е околу 1907 година. Зографисана е, а нема податоци од кого е осветена и зографисана.

Манастир “Свети Пантелејмон” – Брест. Изграден е во 1994 година и осветен истата годна на 15 мај од Митрополитот Брегалнички г. Стефан.

Црква “Свети Теодор Тирон” – Пиперово. Изградена е во 19 век, а од кого е осветена не е познато. Во 1912 година е обновена и живописана од непознат автор. Иконите на иконостасот се од 1863 година, исто така од непознат автор.

Манастир “Света Богородица” – Пиперово. Изграден и осветен околу 1930 година.

Црква “Свети Петар и Павле” – Лакавица (во изградба). Камен темелник е поставен на 12. 09. 2004 година од Митрополитот Брегалнички Агатангел.

Црква “Свети пророк Илија” – Патрик (во изградба). Старата црква е изгорена, има остатоци од објектот и од фрескоживописот. Со благослов на Митрополитот Брегалнички Стефан, отпочната е реставрација во 1988 година.

Манастир “Свети Ѓорѓи” – Загорци. Камен темелник за изградба е поставен во 1993 година, а осветен е на 06. 05. 1996 година од Митрополитот Брегалнички Стефан.

Црква “Свети Ѓорѓи” – Гарван. Се претпоставува дека црквата е од почетокот на 20 век. Нема податоци кога и од кој архиереј е осветена.

Карбинска парохија. Парохиска црква “Вознесение Христово” – Карбинци. Во составот на ова парохија се селата: Карбинци, Караорман, Таринци, Радање, Аргулица, Црвулево и Козјак.

Парохиски свештеник Добрица Јанев, ул. “Џемаил Бједиќ” бр. 19-1/11, Штип, тел. 032/393-417; 070/377-497; е-маил отец_добрицаЖмт.нет.мк; роден на 19. 06. 1973 година во Штип, каде и завршил основно и средно образование. Дипломирал на Богословскиот факултет на МПЦ во Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 28. 08. 2001 година, а за свештеник на 11. 09. 2002 од Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Повардарски г. Тимотеј.

Црква “Вознесение Христово” – Карбинци. Изградена и осветена е во 1876 година. Не е познато од кого е осветена. Иконите се од 19 век и од 1905 година од непознат автор.

Параклис “Свети вмч. Димитриј” – Таринци. Времен објект изграден до темелите на старата црква, која е срушена за време на турското ропство, а во блиска иднина на старите темели ќе се гради нова црква.

Црква “Свети Кирил и Методиј” - Радање. Изградена и осветена 1929 година. Нема податоци од кого е осветена.

Црква “Свети пророк Илија” (во изградба) – Аргулица. Камен темелник е поставен на 02. 08. 1998 година од Митрополитот Брегалнички г. Стефан. Изградбата е во завршна фаза.

Црква “Свети вмч. Ѓорѓи” – Козјак. Една од најстарите цркви во РМ, од рано средновековен период во целост сочувана. Изградена е во 9 и 10 век и се споменува како парохиски центар во рамките на Мородвиска епископија. На ѕидовите е констатиран фрескоживопис во три слоја, од кои последниот е од 12 до 14 век, а на најстариот слој сочувни се старословенски графити. Со точни податоци за градбата и осветувањето не располагаме.

Манастир “Света Петка” – Калаузлија. Мала црква изградена во 20 век и осветена на 05. 05. 1989 година од Митрополитот Брегалничк г. Стефан. Во непосредна близина на 04. 08. 2001 година, од Митрополитот Агатангел е поставен камен темелник за изградба на нов манастир.

Параклис “Свети Ѓорѓи – Вртешка. Изграден е 2005 година од донатори од Штип и истата година е извршено мало осветување. Фрескоживописот е дело на зографот Златанов од Скопје.

Манастир “Свети Гаврил Лесновски” со соборен храм “Сети Архангел Михаил” – Лесново. Тел. 032/800-138

Игумен Дамаскин (Богдановски) - старешина на Лесновскиот манастир, роден на 17. 07. 1974 година, студент на Богословскиот факултет во Скопје. Ракоположен за јероѓакон на 07. 08. 1999 година од Митрополитот Брегалнички Стефан, за јеромонах на 05. 01. 2000 година од Архиепископот Охридски и македонски Стефан, а произведен за игумен на 05. 01. 2007 година од Архиепископот Стефан.

Во составот на манастирското братство има уште двајца јеромонаси, двајца монси, еден јероѓакон и искушеници.

Лесновскиот манастир зазема значајно место во македонската црковна, национална и културна историја. Уште од своето основање, големата Лесновска лавра, со своите многубројни параклиси и скитови, станала расадник на многу нови светилници на Православната црква, почнувајќи од светиот преподобен Гаврил Лесновски, па сè до епископот Гаврил Светогорец, чие тело почива до самиот манастир и од страна на САС на МПЦ е поведена постака за канонизирање за светител, кој со својот богоугоден и свет живот и со своите огнени молитви го осветлувале, огревале и утврдувале нашиот македонски народ во љубовта и верата Христова и се грижеле за негово национално и верско опстојување.

Според најстарото пролошко житие на свети Гаврил Лесновски, кое што го напишал Станислав Граматик во 1330 година, оваа света обител потекнува некаде од 11 век, а го основал самиот св. Гаврил Лесновски и го посветил на Свети Архангел Михаил. Околу манастирот се подигнати бројни свети места – помали манастири, параклиси, испосници и скитови, кои биле во функција на познатата препишувачка лесновкска книжевна школа. Подоцна тие во време на Османлиското ропство биле разрушени. Во историско-книжевниот текст “Изјаснително писание” напишано веднаш по опширното житие на свети Гаврил се спомнуваат четири испосници во околината на манастирот, во кои се подвизувал свети Гаврил Лесновски, кои и до денес се сочувани, а во една од нив, која е посветена на свети пророк Илија, според житието и службата на свети Гаврил, преподобниот поминал 30 годни од својот испоснички живот. Возобновен е во 1341 година од Деспот Јован Оливер. Фрескоживописот е завршен во 1347 година најверојатно од четворица зографи. Иконостасот е во длабока резба од 1811-1814, прво дело на тајфата на Петре Филиповски – Гарката.

Манастир “Свети Спиридон Чудотворец”, метох на Лесновскиот манастир, сега во обнова и изградба. Основан е некаде во 12-13 век, а целосно е запустен во периодот по Втората светска војна. Се наоѓа покрај Злетовска река, на 7 км од Злетово, во близина на селото Зелениград. Храмот во манастирот е веќе обновен и живописан од Драган Ристески од Охрид и Лазар Лечиќ (Војводина) во 2006 година и оваа јубилејна година треба да биде осветен.

Манастир “Свети великомаченик Ѓеорѓиј”, метох на Лесновскиот манастир, се наоѓа во местото Глобица покрај Злетовска река, во близина на с. Ратавица. Изграден е во 20 век. Кога и од кој архиереј е осветена нема податоци.

Параклис “Свети Наум Охридски” – Лесново. Со благослов на Митрополитот Брегалнички Стефан, изградбата е започната, за време на игуменот на Лесновската обител еромонахот Иларион, и истиот е осветен на 05. 01. 1999 година од Митрополитот Брегалнички Стефан. Иконите и фрескоживописот се од 1998 година од Драган Ристевски и Лазар Лечиќ.

Злетовска парохија. Парохиска црква “Света Богородица” – Злетово. Во составот на ова парохија се селата: Злетово, Древено, Буниш, Шталковица.

Парохиски свештеник Влатко Мајсторски, Злетово, тел. 032/495-000; 070/778-926; роден на 06. 04. 1967 година во Митрашинци, каде и завршил основно образование, а средно богословско во МПБ Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 19. 02. 1989 година, а за свештеник на 05. 03. 1989 од Митрополитот Брегалнички г. Стефан.

Црква “Успение на Пресвета Богородица” – Злетово. Се претпоставува дека е изградена во 11 век и бил центар за духовна и културна просвета. Во повеќе наврати во време на турското ропство била оштетувана и повторно обновувана. Не е зографисана, а иконите се од 19 век од Анастасие од Крушево. Не е познато кога е осветена и од кој архиереј.

Гробјанска црква “Свети пророк Илија” – Злетово. Се претпоставува дека е од 20 век. Нема точни податоци за тоа кога и од кој архиереј е осветена.

Црква “Свети Јован Крстител” с. Древено. Изградена е по 18 век. Црквата не е зографисана, а иконите се од 19 век од Дичо зограф и непознати. Не е познато од кого и кога е осветена.

Црква “Свети пророк Илија” – Бунеш.

Црква “Свети Никола” – Шталковица. Нема податоци во кој период се изградени и кога и од кој архиереј се осветени. Црквите не се фрескоживописани.

Парохии при храм “Света Богородица” – Пробиштип. Ул. “Кочо Рацин” бб. тел. 032/483-722; Парохиска црква “Успение на Пресвета Богородица” – Пробиштип. Во составот на ова парохија се селата: Плешенци, Долни Стубол, Горно Барбарево, Кундино, Марчино, Добрево, Пуздерци, Лезово, Трооло, Гајранци, Дренак.

Парохиски свештеници: Трајче Станков, старешина, ул. “Борис Крајгер” бр. 18/14, Штип, тел. 032/383-981; 070/770-459; роден на 07. 12. 1969 година во Штип, каде и завршил основно образование. Средно богословско во МПБ Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 02. 08. 1993 година, а за свештеник на 19. 08. 1993 од Митрополитот Брегалнички г. Стефан.

Протоереј Бобе Геров, ул. “Никола Карев” бр. 17, Пробиштип, тел. 032/483-741; роден на 16. 09. 1947 година во Стрмош, пробиштипско. Двогодишно богословско образование. Ракоположен во ѓаконски чин на 05. 11. 1969 година, а за свештеник на 14. 11. 1969 од Митрополитот Злетовско - струмички г. Наум.

Свештеник Емил Михајлов, ул. “Кривопаланечка” бр. 4, Штип, тел. 032/385-039; 070/532-902; роден на 19. 11. 1975 во Штип. Средно богословско образование во МПБ Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 21. 09. 1998 година, од Митрополитот Брегалнички г. Стефан, а за свештеник на 07. 04. 2001 од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

Црква “Успение на Пресвета Богородица” – Пробиштип. Камен темелник за изградба на црквата е поставен на 22. 05. 1983 година од Архиепископот Охридски и македонски г. .г . Ангелариј, осветена е на 02. 10. 1994 година од Архиепископот Охридски и македонски г. г. Михаил и Митрополитот Брегалнички г. Стефан. Иконите на иконостасот се изработени од зографот Драган Ристевски од Охрид. Црквата не е фрескоживописана.

Манастир “Свети пророк Илија” – н. Калниште – Пробиштип. Камен темелникот за изградба е поставен на 15. 05. 2005 година, од Митрополитот Брегалнички Агатангел. Манастирот е покриен, измалтарен и во блиска иднина треба да биде осветен.

Црква “Света Петка” – с. Плешенци. Изградена е во 1883 година. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена. Црквата не е зографисана, а иконите не е познато од кој период и автор се.

Црква “Свети пророк Еремија” – Долни Стубол. Изградена е во 1936 година, а реновирана и преосветена е во 2003 година, од Митрополитот Брегалнички Агатангел.

Црква “Света Петка” – Горно Барбарево. Нема податоци кога е изградена и од кој архиереј е осветена. Не е зографисана, а нема податоци од кого и од кој период се иконите.

Црква “Отсекување на главата на свети Јован Крстител” - Кундино. Нема никакви податоци.

Црква “Свети пророк Илија” - Марчино. Изградена е во 1812 година, не е познато од кој архиереј и кога е осветена. И за иконите не е познато од кој автори и од кој период се. Црквата не е зографисана.

Црква “Свети пророк Илија” – Добрево. Изградена е 1938 година, не е познато кога и од кој архиереј е осветена. Податоци за иконите и зографот нема. Црквата не е зографисана.

Црква “Свети пророк Илија” – Пуздерци. Изградена е во 1920 година. Кога и од кој архиереј е осветена не е познато. Нема податоци за иконите, кога и од кој иконописец се изработени. Црквата не е зографисана.

Црква “Свети Никола” – Лезово. Нема никакви податоци. Истата не е зографисана.

Црква “Света Троица” – Трооло. Изградена е 1901 година. Кога и од кој архиереј е осветена не е познато. Иконите кога и од кој зограф се, исто така не е познато. Црквата не е зографисана.

Црква “Свети Никола” – Гајранци. Изградена е 1952 година. Не е зографисана. Кога и од кој архиереј е осветена нема податоци.

Манастир “Света Троица” – Дренак. Не е познато кога е изграден и од кој архиереј е осветен.

Кочанско архиерејско намесништво:

Архиерејски намесник протоереј Атанас Пармачки од Кочани, ул. “Ѓорче Петров” бб, Кочани; работа тел. 033/272-807 дома тел. 033/271-234 моб.070/744-999;

Парохии при храмот “Свети Ѓорѓи” Кочани, тел. 033/272-807.

Парохиски свештеници:

1. Протоереј-ставрофор Станчо Ристов, старешина на храмот, ул. “Бел Камен” бр. 50 Кочани; тел. 033/275-895; 070/272-388; роден на 31. 07. 1964 година во с. Уларци, средно образование завршил во МПБ во Скопје во 1980 година, ракоположен во ѓаконски чин на 13. 04. 1985 година, а за свештеник на 17. 11. 1985 од Епископот Тивериополски г. Горазд, во протоерејски чин произведен на 17. 08. 2003 година, а со право на носење на граден крст е одликуван на 09. 12. 2005 година од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

2. Свештеник Звонко Мишовски, ул. “Раде Кончар” бр. 46 Кочани; тел. 033/274-905; роден на 02. 09. 1956 година во с. Ратаво - беровско, каде завршува основно и средно образование. Дипломирал на Богословскиот факултет на МПЦ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 21. 09. 1984 година, а за свештеник на 27. 10. 1984 од Епископот Тивериополски г. Горазд.

3. Протоереј Владимир Димитров, ул. “Пиринска” бр. 105 Кочани; тел. 033/276-916; 070/820-626; роден на 16. 04. 1944 година во с. Плешенци – пробиштипско, средно образование завршил во МПБ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 02. 11. 1969 година, а за свештеник на 05. 11. 1969 од Митрополит Злетовско-струмички Наум, во протоерејски чин произведен на 08. 01. 2006 година, од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

4. Свештеник Влатко Мирасчиев, ул. “Хо-Ши-Мин” бр. 16 Штип; тел. 032/392-986; 075/728-570; роден на 16. 04. 1977 година во Штип, каде завршува основно и средно образование. Дипломирал на Богословскиот факултет во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 22. 02. 2004 година од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел, а за свештеник на 04. 12. 2006 од Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

5. Протоереј Блаже Атанасов, н. “Трајаново Трло” бб. Кочани; тел. 033/276-568; 070/511-488; роден на 01. 03. 1964 година во Кочани, средно образование завршил во МПБ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 14. 10. 1986 година, а за свештеник на 19. 10. 1986 од Митрополитот Брегалнички г. Стефан, во протоерејски чин произведен на 09. 08. 2002 година, од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

6. Протоереј Атанас Пармачки, ул. “Ѓорче Петров” бб. Кочани; тел. 033/271-234; 070/744-999; роден на 11. 12. 1957 година во с. Разловци, средно образование завршил во МПБ во Скопје , ракоположен во ѓаконски чин на 05. 06. 1983 година, а за свештеник на 20. 07. 1985, во протоерејски чин произведен на 08. 01. 2001 година од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

7. Свештеник Перо Ампов, ул. “Никола Вапцаров” бр. 8 Кочани; тел. 033/277-270; 070/782-831; роден на 21. 08. 1971 година во Кочани, каде завршува основно и средно образование, дипломирал на Богословскиот факултет во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 07. 04. 2002 година, а за свештеник на 12. 07. 2002 година од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

Историјат на храмот “Свети великомаченик Ѓорѓи” во Кочани. Црквата е изградена во 1917 година. Се претпоставува дека е изградена на темели од стара црква. Старите икони во црквата се од 19 век од зограф Венјамин и непознат автор, а во 2003 и 2004 година за иконостасот се изработени нови икони и во истиот период црквата е фрескоживописана. Иконите и фреските се дело на зографот Венко Цветков од Скопје. Нема податоци кога и од кој архиереј е осветена.

Манастир “Свети Пантелејмон” – Пантелеј. Изграден е во 1864 година. Нема податоци кога и од кој архиереј е осветен. Возобновен е во 1885 година од игуменот Мартинија. По својата архитектура претставува трокорабна базилика, со три куполи. Фрескоживописот е од зографот Димитар Андонов Папрадишки од 1888-1892 година, од кој зограф се и иконите на иконостасот. Во 1988 година, по интервенција на Митрополиотот Брегалнички Стефан, од страна на Заводот за заштита на спомениците е извршена детална реставрација на кровната конструкција, кубињата и фреските.

Параклис “Света Богородица” – манастирски комплекс Свети Пантелејмон - Пантелеј. Еднокорабна градба, изградена и живописана во време на игуменот Хаџи Харалампие, во 1872 година од зографот Захариј Димитров Самоковец, од кој период потекнува и иконостасот и иконите. Нема податоци кога и од кој архиереј е осветена. Поради оштетување на целокупното внатрешно благо во 2002 година, со благослов на Митрополитот Брегалнички Агатангел црквата е реновирана, при што е изработен нов иконостас во длаборез од резбарот Слободан Димитров од Пробиштип, а фрескоживописот и иконите се од зографот Венко Цветков од Скопје.

Параклис-крстилна “Покров на Пресвета Богородица” – Кочани. Камен темелникот е поставен на 09. 12. 1994 година од Митрополит Брегалнички Стефан, а осветена е на 24. 10. 1998 година од Митрополитот Брегалнички Стефан.

Црква “Свети Спас” – с. Полаки (во изградба). Се гради на темели од стара еднокорабна црква со благослов на Митрополитот Брегалнички г. Агатангел. Црквата е сеуште во изградба.

Манастир “Св. Симеон Столпник” – Костин Дол. Изградена е во 1937 година на стари темели од мајстори од Дебар. Не е фрескоживописана и не е познато кога и од кој архиереј е осветена.

Парохии при храм “Свети Архангел Михаил” – Виница. Ул. Борис Кидрич” 43 тел. 033/361-175

Парохиски свештеници:

1. Протоереј Бранко Богданов, старешина на храмот, ул. “Борис Кидрич” бр. 43, Виница; тел. 033/363-222; 070/272-175; роден на 03. 11. 1961 година во с. Блатец, средно образование завршил во МПБ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 27. 10. 1984 година, а за свештеник на 26. 11. 1984 од Епископот Тивериополски г. Горазд, во протоерејски чин произведен на 11. 02. 2001 година, од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

2. Свештеник Николчо Цикарски, ул. “Браќа Миладинови” 29/9 Виница; тел. 033/364-490; 070/516-050; роден на 02. 12. 1973 година во Берово, средно образование завршил во МПБ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 29. 08. 1996 година, а за свештеник на 12. 07. 1999година од Митрополитот Брегалнички г. Стефан.

3. Свештеник Васил Пецуровски, ул. “Раде Кончар” бр 26 Виница; тел. 033/361-767; 070/790-132; роден на 30. 09. 1971 година во с. Русиново - Берово, средно образование завршил во МПБ во Скопје и дипломирал на Богословскиот факултет во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 08. 04. 2001 година, а за свештеник на 31. 03. 2002година од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

4. Свештеник Горан Ангелов, Истибања – Виница; тел. 033/373-243; 071/526-571; роден на 11. 07. 1976 година во Кочани, основно и средно образование завршил во Виница и дипломирал на Богословскиот факултет во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 05. 06. 2005 година, од Митрополитот Брегалнички Агатангел, а за свештеник на 21. 11. 2006 од Митрополитот Брегалнички Иларион.

Парохиска црква “Свети Архангел Михаил” – Виница. Сегашната црква е изградена во 1973 година, на темели од стара црква и е осветена од Митрополитот Злетовско-струмички Наум. Иконите на иконостасот се од 19 век, односно од старата црква, од непознат автор, а фрескоживописот е од поново време, односно отпочнат во 2001 година од зографот Венко Цветков од Скопје.

Црква “Свети Јован Крстител” – Лески. Изградена е во 1848 година. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена. Исто така нема податоци за иконите кога и од кој зограф се изработени.

Црква “Свети пророк Илија” – Градец (во изградба). Камен темелникот е поставен на 30. 07. 1997 година од Митрополитот Брегалнички Стефан.

Оризарска парохија. Во составот на оваа парохија влегуваат селата: Оризари и Пресека.

Парохиски свештеник: Протоереј Тоше Манев, Оризари; тел. 033/294-664; 070/309-294; роден на 17. 03. 1970 година во Штип, каде завршува основно и средно образование, и дипломира на Богословскиот факултет во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 28. 08. 1996 година, а за свештеник на 14. 10. 1998 од Митрополитот Брегалнички Стефан, во протоерејски чин произведен на 28. 10. 2000 година, од Епископот Дремвитски и администратор брегалнички Јован.

Парохиска црква “Св. Атанасие Велики” – Оризари. Изградена е во 19 век, осветена е на 24. 04. 1848 година. Подоцна била делумно разрушена од страна на Турците и повторно обновена во 1876 година. Иконите се изработени во 1875 година од зографот Исаија Макариов од с. Галичник и непознати автори. Нема податоци од кој архиереј е осветена. Црквата не е фрескоживописана.

Манастир “Успение на Пресвета Богородица”, м.в. Горна Пресека. Изграден е во 1926 година, а кога и од кој архиереј е осветен не е познато.

Манастир “Света Богородица” – Добра Вода. Изграден е во 1974 година на темели од стара црква. Осветен е на 01. 05. 1992 година од Митрополитот Брегалнички Стефан.

Манастир “Света Петка” (во изградба). Камен темелник е поставен на 20. 11. 2004 година од Митрополитот Брегалнички Агатангел.

Зрновска парохија. Во составот на оваа парохија влегуваат селата: Зрновци, Мородвис и Видовиште.

Парохиски свештеник: Климент Мишањ, ул. “Марксова” 10, Виница; тел. 033/364-488; 070/459-570; е-маил: климентмисанјЖѕахоо.цом роден на 02. 07. 1972 година во Штип, средно образование завршил во Кочани и дипломирал на Богословскиот факултет во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 18. 05. 2003 година, а за свештеник на 30. 01. 2005 од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

Парохиска црква “Свети Димитриј” – Зрновци. Изградена е во 18 век. Кога и од кој архиереј е осветена не е познато. Фрескоживописот е од 1937 година од непознат зограф, иконите се од 19 век од непознат автор.

Манастир “Свети Симеон Столпник” – Мородвис. Изграден и осветен е во 1968 година од Митрополиот Злетовско-струмички Наум. Во 2002 година е обновен. Иконите и фрескоживописот се изработени од Валентин Ѓуровиќ и Ангел од Кочани.

Црква “Вознесение Христово” – Видовиште. Изградена и осветена е во 1983 година од Епископот Тивериополски Горазд. Не е фрескоживписана.

Манастир “Света Петка” – Видовиште. Манастирот е од поново време, изграден е во 1988 година и осветен на 02. 10. 1988 година од Митрополитот Брегалнички Стефан.

Облешевска парохија. Во составот на оваа парохија влегуваат селата: Облешево, Тркање, Теранци, Чифлик, Борилчево.

Парохиски свештеник Васо Николовски, Облешево; тел. 033/351-319; 070/805-767; роден на 06. 03. 1965 година во Штип, средно образование завршил во МПБ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 06. 06. 1991 година, а за свештеник на 12. 07. 1991 од Митрополитот Брегалнички г. Стефан.

Парохиска црква “Света Недела” – Облешево. Изградена и осветена во 1976 година од Митрополитот Злетовско-струмички Наум.

Црква “Свети Никола” – Тркање. Изградена е во 1830 година, а од кого и кога осветена не е познато. Фрескоживописот е од 1868 година, иконите се од 19 век, од непознат зограф.

Манастир “Свети Ѓорѓи” – Тркање. Изграден и осветен е во 1975 година од Митрополитот Злетовско – струмички Наум.

Црква “Свети Атанасие Велики” – Теранци. Црквата е изградена 1973 година и осветена во 1977 година од Митрополитот Злетовско-струмички Наум. Поради руинираност, во моментов се врши санација.

Параклис “Успение на Пресвета Богородица” - Чифлик. Во изградба. Камен темелникот е поставен на 24. 02. 1992 година, од Митрополитот Брегалнички Стефан.

Црква “Свети Наум Охридски” - Чифлик (во изградба). Камен темелник е поставен на 26. 01. 2004 година.

Црква “Света Богородица” – Борилчево. Црквата е од 12 век, иконите и фрескоживописот се од непознат автор.

Грдовска парохија. Во составот на оваа парохија влегуваат селата: Грдовци, Горни Подлог, Долни Подлог, Мојанци.

Парохиски свештеник Илчо Миленковски, Кочани; тел. 033/257-053 роден на 18. 03. 1965 година во Кочани, каде завршува основно и средно образование и дипломирал на Богословскиот факултет во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 09. 08. 1997 година, а за свештеник на 27. 09. 1997 од Митрополитот Брегалнички г. Стефан.

Парохиска црква “Света Троица” – Грдовци. Изградбата е отпочната 1932 година, а осветувањето е извршено 1970 година од Митрополитот Злетовско-струмички Наум. Црквата е фрескоживописана 1998-99 година од зограф Тони од населба Оризари.

Црква “Отсекување на главата на свети Јован Крстител” – Горни Подлог. Изградена е 1942 година, а осветена е 1968 година од Митрополитот Злетовско-струмички Наум.

Црква “Покров на Пресвета Богородица” – Долни Подлог. Изградбата е отпочната 1950, а осветена е во 1967 година од Митрополитот Злетовско-струмички Наум.

Црква “Свети Кирил и Методи” – Мојанци (во изградба). Камен темелник за изградба е поставен во 1992 година од Митрополитот Брегалнички Стефан, а оваа година треба да биде осветена. Иконите на иконостасот, како и фрескоживописот Ширшаја и Пантократорот ги има насликано Венко Цветков од Скопје.

Соколарска парохија. Во составот на оваа парохија влегуваат селата: Соколарци, Чешиново, Новоселани, Жигјанци.

Парохиски свештеник Стојан Кржовски, Соколарци; тел. 033/356-509; 070/805-765; роден на 10. 10. 1958 година во с. Владимирово; средно образование завршил во МПБ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 06. 11. 1983 година, а за свештеник на 20. 11. 1983 од Епископот Тивериополски г. Горазд.

Парохиска црква “Свети цар Константин и Елена” – Соколарци. Изградена е во 1848 година, а во 1892 година е реновирана. За тоа кој и кога ја осветил нема податоци. Црквата не е зографисана, иконите се од 19 век од непознат автор.

Манастир “Свети Ѓорѓи” – Соколарци. Нема точни податоци кога е изграден, а реновиран е 1985 година и преосветен 1987 година од Епископот Тивериополски Горазд.

Црква “Света Петка” - Новоселани (во изградба). Поставена е на темели од стара црква. Камен темелникот за изградба е од Епископот Тивериополски Горазд 1981 година.

Црква “Свети Димитриј” - Чешиново. Камен темелник за изградба е поставен на 09. 11. 1996 година од Митрополитот Брегалнички Стефан, а осветувањето е извршено на 03. 06. 2004 година од Архиепископот Охридски и македонски Стефан. Храмот е изграден со доминантно донаторство на г. Влатко Ѓорѓиевски со семејството, сопственик на “МИК” Свети Николе, чија донација се и иконите и фрескоживописот, а иконите се изработени од зограф Венко Цветков.

Спанчевска парохија. Во составот на оваа парохија влегуваат селата: Спанчево, Бање, Бели, Нивичани, Пантелеј и Рајчани.

Парохиски свештеник Богатин Јаневски, Спанчево; тел. 033/356-726; роден на 13. 10. 1948 година во с. Пантелеј; ракоположен во ѓаконски чин на 05. 06. 1974 година, а за свештеник на 08. 06. 1974 од Митрополитот Злетовско-струмички Наум.

Парохиска црква “Свети Архангел Михаил” – Спанчево. Црквата потекнува од 8 век и на истата, поради оштетување – рушење, се правени санации во повеќе наврати и тоа: 1874, 1934 и 1988 година. Не е познато кој и кога ја осветил. Нема фрескоживопис. Иконите се од 19 век од Џиков и непознати.

Црква “Вознесение Христово” – Бели. Изградена е во 1870 година. Иконите се од 19 век од зограф Захариа Самоковец и непознати автори. Не е зографисана. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена.

Црква “Света Троица” – Нивичани. Изградена е во 1864 година. Иконите се од 19 век од непознат автор. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена.

Јакимовска парохија. Во составот на оваа парохија влегуваат селата: Јакимово, Драгобраште, Виничка Кршла, Црн Камен, Трсино и Калиманци.

Парохиски свештеник Марјан Вучковски, ул. “Јане Сандански” бр. 6 Виница; тел. 033/362-007; 075/624-060; роден на 16. 06. 1964 година во с. Митрашинци - беровско; средно образование завршил во МПБ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 27. 09. 1988 година, а за свештеник на 09. 10. 1988 од Митрополитот Брегалнички Стафан.

Парохиска црква “Свети Јоаким Осоговски” – Јакимово. Камен темелник за изградба е поставен на 01. 08. 1993 година од Митропиолитот Брегалничк Стефан, осветен е на 06. 05. 2002 година од Митрополитот Брегалничк Агатангел. Иконите и фрескоживописот се дело на зографот венко Цветков од Скопје.

Храм “Успение на Пресвета Богородица” – Драгобраште. Изграден е во 1883 година. Не е познато кога и од кој архиереј е осветен. Иконите на иконостасот се од 19 век, од зограф Андон и непознати автори.

Манастир “Свето Вознесение Христово” – Драгобраште (во изградба). Камен темелник е поставен на 12. 10. 1996 година од Митрополитот Брегалнички Стефан.

Црква “Света Троица” – Трсино (во изградба). Камен темелник е поставен на 30. 05. 2004 година од Митрополитот Брегалнички Агатангел.

Истибањска парохија. Во составот на оваа парохија влегуваат селата: Истибање и Прибачево.

Парохиски свештеник Душко Пецов, ул. “Илинденска” 106, Зрновци; тел. 070/336-045; роден на 26. 09. 1979 година во Кочани; средно образование завршил во МПБ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 26. 09. 2004 година, а за свештеник на 14. 10. 2004 од Митрополитот Брегалнички Агатангел.

Парохиска црква “Света Петка” – Истибање. Камен темелник е поставен на 22. 03. 1972 година, а осветен е на 08. 08. 1979 година од Митрополитот Злетовско-струмички Наум.

Црква “Св. Петар и Павле” – Прибачево (во изградба). Камен темелник е поставен во 1996 година од Митрополитот Брегалнички Стефан. Храмот е изграден и во оваа јубилејна година треба да биде осветен. Иконите на иконостасот, како и фрескоживописот Ширшаја и Пантократорот ги има насликано Венко Цветков од Скопје.

Блатечка парохија. Кон составот на оваа парохија влегуваат селата: Блатец, Липец, Пеклани.

Парохиски свештеник Орце Пешов, ул. “Партизанска” 22, Виница; тел. 033/362-703; 075/471-191; роден на 04. 05. 1973 година во Виница; основно и средно образование завршил во Виница, а дипломирал на Богословскиот факултет на МПЦ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 13. 07. 2001 година, а за свештеник на 21. 09. 2001 од Митрополитот Брегалнички Агатангел.

Парохиска црква “Свети пророк Илија” – Блатец. Изградена е во 1850 година. Кога и од кој архиереј е осветена нема податоци. Иконите се од 19 век од зограф Николај Михајловиќ од Крушево и од непознати автори.

Манастир “Света Богородица” – Блатец. Се претпоставува дека е изграден во 20 век. Нема точни податоци кога и од кој архиереј е осветен.

Црква “Вознесение Христово” – Липец. Изградена е во 1839 година. Иконите се од 19 век од непознат автор. Не е фрескоживописана. Кога и од кој архиереј е осветена не е познато.

Црква “Рождество на Пресвета Богородица” – Пеклани. Изградена е во 1913 година. Осветена е во 1974 година од Митрополитот Злетовско-струмички Наум. Иконите се од 20 век (1930) од непознат автор. Не е зографисана.

Делчевско архиерејско намесништво:

Архиерејски намесник протоереј Атанас Поповски, ул. “Иво Лола Рибар” 3 од Делчево, работа тел. 033/411-142;

Парохии при храмот “Света Богородица” Делчево, тел. 033/411-142. Во составот на овие парохии влегуваат Делчево и селата: Бигла и Драмче.

Парохиски свештеници:

1. Протоереј Методи Дончовски, старешина на храмот, н. Ѕвегорска река Делчево; тел. 033/410-574; роден на 04. 03. 1949 година во с. Разловци, средно образование завршил во МПБ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 09. 06. 1974 година, а за свештеник на 12. 06. 1974 од Митрополитот Злетовско-струмички Наум, во протоерејски чин произведен на 01. 04. 2001 година, од Митрополитот Брегалнички Агатангел.

2. Протоереј Атанас Поповски, ул. “Јане Сандански” 22; тел. 033/412-077; 070/309-065; роден на 27. 09. 1952 година во с. Разловци, средно образование завршил во МПБ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 07. 02. 1975 година, а за свештеник на 16. 02. 1975 од Митрополитот Злетовско-струмички Наум, во протоерејски чин произведен на 15. 02. 2001 година, од Митрополитот Брегалнички Агатангел.

3. Свештеник Санде Струков, ул. “Иво Лола Рибар” 3 Делчево; тел. 033/411-399; роден на 05. 03. 1952 година во с. Вирче, средно образование завршил во МПБ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 27. 04. 1979 година, а за свештеник на 01. 05. 1979 од Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор злетовско-струмички Ангелариј.

4. Свештеник Саша Михајловски, ул. “Кеј на Брегалница” 1/1/7 тел. 070/807-936; роден на 19. 09. 1973 година во с. Жељувино-кумановско, средно образование завршил во МПБ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 19. 01. 2007 година, а за свештеник на 14. 01. 2007 од Митрополитот Брегалнички Иларион.

Парохиски храм “Света Богородица” Делчево. Изградена е во 19 век, а кога и од кој архиереј е осветена нема податоци. Иконите се од 19 век од зограф Димитрие Андонов, Глигорие Пецановиќ и други непознати автори. Нема фрескоживопис.

Манастир “Света Богородица” – Балаклија. Изграден е во 1915 година, од слаб материјал. На 06. 06. 1999 година е осветен и поставен камен темелник од Митрополитот Брегалнички Стефан и манастирот од темел е изграден повторно од цврст материјал, а осветен е на 19. 09. 1999 година од Митрополитот Брегалнички Стефан. Иконите и фрескоживописот на манастирот се од зографот Драган Ристевски од Охрид.

Манастир “Покров на Пресвета Богородица”. Изграден е во 1920 година и целосно возобновен во 1990 година. Не е осветен, нема фрескоживопис и икони.

Црква “Свети вмч. Ѓеорѓи” – Бигла. Изградена е во 1910 година. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена. Поради руинираност црквата е срушена и во тек е постапка за изградба на нова црква. За иконите нема податоци.

Црква “Свети Архангел Михаил” – Драмче. Се претпоставува дека е градена при крајот на 17 или во почетокот на 18 век. Престолните икони се дело на зографот Глигорие П. од Струмица. Црквата била целосно фрескоживописана во 18-19 век, но од пожар фрескоживописот е уништен. Од кој архиереј и кога е осветена нема податоци.

Трботивишка парохија. Кон составот на оваа парохија влегуваат селата: Трботивиште, Разловци, Вирче, Стар Истевник, Нов Истевник и Стамер.

Парохиски свештеник Васко Шонтевски, с. Трботивиште; тел. 070/522-674; роден на 27. 07. 1968 година во Ратево – беровско. Средно богословско образование завршил во МПБ Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 08. 11. 1992 година, а за свештеник на 09. 11. 1992 од Митрополитот Брегалнички Стефан.

Парохиска црква “Успение на Пресвета Богородица” – Тработивиште. Изградбата е започната во 1970 година, на темели од стара црква, а завршена е во 1973 година и тогаш е осветена од Митрополитот Злетовско-струмички Наум. Иконите се од 19 век од непознат автор. Не е зографисана.

Црква “Свети цар Константин и царица Елена” – Разловци. Изградена е во 1850 година. Кога и од кој архиереј е осветена не е познато. Зографисана во целост од непознат зограф. Иконите се од 19 век од Глигорие П, Василак зограф и непознати автори.

Црква “Свети Никола” – Вирче. Изградена е во 1857 година. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена. Иконите се од 19 век од непознат автор. Црквата не е зографисана.

Црква “Свети Никола” – Стар Истевник. Изградена е во 1857 година. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена. Иконите се од 19 век од зограф Глигорие П. Не е зографисана.

Црква “Свети Атанасиј” – Нов Истевник. Изградена е во 1936 година. Кога и од кој архиереј е осветена не е познато. Иконите се од 20 век од зограф Гаврил Атанасов. Не е зографисана.

Манастир “Свети Пантелејмон” – Голак. Изграден е од 1936 до 1940, од слаб материјал. Не е осветен.

Ѕвегорска парохија. Кон составот на оваа парохија влегуваат селата: Ѕвегор, Град, Селник, Габрово.

Парохиски свештеник Александар Васев, ул. “Даме Груев” бр. 11, Делчево; тел. 033/412-856; 070/370-166; роден на 30. 01. 1979 година; средно Богословско образование завршил во МПБ Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 18. 07. 2004 година, а за свештеник на 02. 08. 2004 од Митрополитот Брегалнички Агатангел.

Парохиска црква “Свети Јован Крстител” – Ѕвегор (во изградба). Камен темелник за изградба е поставен на 02. 08. 2001 година од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

Параклис “Свети пророк Илија” – Ѕвегор. Камен темелник е поставен на 02. 08. 1990 година, а осветен е на 15. 09. 1991 година од Митрополитот Брегалнички Стефан. Не е зографисан.

Црква “Свети вмч. Ѓорѓи” – Град. Изградена е 1858 година, а во 1904 година е срушена од земјотрес и повторно изградена. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена. Иконите се од зограф Гаврил од 19 и 20 век. Не е фрескоживописана.

Црква – капела “Свети Архангел Михаил” – Град (во изградба). Камен темелник за изградба е поставен на 08. 09. 2005 година од Митрополитот Брегалнички Агатангел.

Црква “Света преподобна Параскева” – Селник. Точни податоци за изградбата на црквата нема. Според трите слоја на фрескоживопис, од кој првиот е од 13, 14 век, се претпоставува дека и црквата е од 14 век. Иконите се од 1906 година од зограф Гаврил.

Црква “Свети Димитриј” – Габрово (во изградба). Камен темелник е поставен на 11. 10. 2005 година од Митрополитот Брегалнички Агатангел.

Парохии при храмот “Свети пророк Илија” – Македонска Каменица. тел. 033/432-009.

Парохиски свештеници:

1. Свештеник Димитар Темелков, старешина на храмот, тел. 070/611-679; роден на 20. 04. 1957 година во с. Тработивиште, средно образование завршил во МПБ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 11. 09. 1983 година, а за свештеник на 17. 09. 1983 од Епископот Тивериополски и администратор Злетовско-струмички Горазд.

2. Свештеник Ванчо Џаџовски, тел. 033/432-373, 071/940-121; роден на 15. 05. 1969 година во с. Разловци, средно образование завршил во МПБ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 02. 08. 1997 година, а за свештеник на 14. 01. 1998 од Митрополитот Брегалнички Стефан.

3. Свештеник Николчо Воиновски, тел. 070/752-588; роден на 18. 03. 1979 година, средно образование завршил во МПБ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 09. 04. 2006 година, а за свештеник на 24. 05. 2006 од Митрополитот Брегалнички Агатангел.

Парохиска црква “Свети пророк Илија” – Македонска Каменица. Изградена е во 1860 година. Кога и од кој архиереј е осветена нема податоци. Иконите се од 19 век од непознати автори. Не е фрескоживописана.

Црква “Успение на Пресвета Богородица” – Македонска Каменица (во изградба). Камен темелник за изградба е поставен на 28. 08. 1999 година од Митроплитот Брегалнички Стефан. Црквата е изградена, измалтарена, во моментов се работи на ентериерното и дворното уредување и во блиска иднина треба да биде осветена.

Манастир “Свети Ахангел Михаил” – Саса. Изграден е во 20 век. Руиниран и со благослов на Митрополиотот Брегалнички Стефан целосно е возобновен и во блиска иднина треба да биде осветен.

Радовишко архиерејско намесништво:

ВД Архиерејски намесник свештеник Иван Стојменов, Радовиш, работа тел. 032/633-589;

Парохии при храмот “Свети Илија” Радовиш, ул. “Гоце Делчев” бб, тел. 032/633-589. Во составот на овие парохии влегуваат Радовиш и селото Раклиш.

Парохиски свештеници:

1. Свештеник Иван Стојменов, старешина на храмот, ул. “Самулова” 49/13 Радовиш; тел. 032/631-922; 070/222-272, роден на 19. 01. 1972 година во с. Јакимово, средно образование завршил во Виница, а дипломирал на Богословскиот факултет во Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 01. 17. 2001 година, а за свештеник на 08. 01. 2002 од Митрополитот Брегалнички Агатангел.

2. Свештеник Стојан Јановски. ул. “Маршал Тито” 208 Радовиш; тел. 032/631-497; 070/510-806, роден на 06. 10. 1963 година, средно Богословско образование во МПБ Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 28. 08. 1985 година, а за свештеник на 08. 09. 1985 од Епископот Тивериополски и администратор злетовско-струмички Горазд.

3. Свештеник Гоце Младеновски, ул. “Кузман Јосифовски Питу” 3, Радовиш; е-маил: попгоцеЖхот.маил.цом; гоцемладеновскиЖѕахоо.цом; њњњ.попгоце.цом; тел. 032/633-269; 071/239-124, роден на 13. 03. 1973 година, средно Богословско образование во МПБ Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 10. 04. 1994 година, а за свештеник на 24. 04. 1994 од Митрополитот Брегалнички Стефан. Во протоерејски чин произведен на 07. 08. 2002 година, од Митрополитот Брегалнички Агатангел.

4. Свештеник Марјан Јанковиќ, место на живеење храм “св. Пророк Илија” Радовиш; тел. 032/632-520; 075/604-540, роден на 14. 07. 1974 година во Радовиш, средно Богословско образование во МПБ Скопје, дипломирал на Богословскиот факултет во Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 19. 12. 1999 година од Митрополитот Брегалнички Стефан, а за свештеник на 14. 02. 2001 од Митрополитот Брегалнички Агатангел.

Парохиска црква “Свети Илија” – Радовиш. Изградена е во 19 век, односно од 1831 до 1859 година. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена. Иконите се од 19 век од непознат автор. Иконостасот делумно е изработен во длаборез, а на царските врати, кои исто така се во длаборез е забележано дека се изработени во 1843 година. Црквата нема фрескоживопис.

Манастир “Света Троица” – Радовиш (во изградба). Камен темелник е поставен на 01. 09. 2002 од Митрополитот Брегалнички Агатангел.

Црква “Света Троица” – Радовиш. Камен темелник е поставен на 29. 04. 1997 година, а осветен е на 12. 10. 2003 година, од Архиепископот Охридски и македонски г. г. Стефан со сите архиереи на МПЦ. Ктитор е г. Ристо Гуштеров. Иконите на иконостасот се на Кал’чев од Гевгелија, а фрескоживописот е дело на светски познатите мајстори од Украина: Димитри Нагурни, Владимир Недајборч, Виктор Блинов, Јура Левченко, Владимир Цах, Владимир Бовхун, Лариса Мишченко, Ѓеорги Журавски. Резбата е на тајфата на Владимир од Галич, Украина.

Црква “Свети цар Конастантин и царица Елена” – Раклиш. Изградена е од извесен ктитор Тодор од с. Раклиш, во 19 век (1857). Не е познато кога и од кој архиереј е осветена. Иконите исто така се од 19 век од повеќе автори (Васил од Струмица, Григорие, Андон од Гари). Нема фрескоживопис.

Ораовичко-воиславска парохија. Во составот на оваа парохија влегуваат селата: Ораовица, Воиславци, Сулдурци, Калугерица, Погулево и Тополница.

Парохиски свештеник Стојанче Илиев, ул. “Гоце Делчев” бр. 89, Радовиш; тел. 032/633-799; 071/204-701; роден на 15. 01. 1978 година; средно Богословско образование завршил во МПБ Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 31. 01. 2002 година, а за свештеник на 14. 04. 2002 од Митрополитот Брегалнички Агатангел.

Парохиска црква “Свети Атанасие Велики” – Ораовица. Камен темелник е поставен на 02. 07. 1988 година, осветена е на 15. 05. 1998 година од Митрополитот Брегалнички Стефан. Иконите се од 1995 година, дело на зографот Драган Ристовски од Охрид.

Манастир “Св. вмч. Ѓорѓи” – Ораовица. Нема податоци кога е започната изградбата, а осветен е на 26. 10. 1980 година од Епископот Тивериополски и администратор Злетовско-струмички Горазд. Иконите се од 1980 година од иконописецот Дончо од Секирник. Не е фрескоживописана.

Црква “Св. вмч. Ѓорѓи” – Воиславци. Изградбата е започната 1883 година, а кога и од кој архиереј е осветена нема податоци. Иконите на иконостасот се изработени 1919 година од зограф Гаврил Атанасов од Берово. Не е фрескоживописана.

Манастир “Успение на Пресвета Богородица” – Воиславци. Камен темелник за изградба е поставен во 1968 година од Митрополитот Злетовско-струмички Наум, а осветен е 1980 година од Епископот Тивериополски и администратор Злетовско-струмички Горазд. Иконите се од 1975 година, дело на зограф Дончо од Секирник. Не е фрескоживописан.

Манастир “Свети Јован Крстител” – Воиславци. Камен темелникот за изградба е поставен во 1996 година од Митрополитот Брегалнички Стефан, а осветен е на 18. 09. 2005 година од Митрополитот Брегалнички Агатангел. Иконите се од зографите Крсто Тарабунов, Тони и Ромео од Радовиш. Манастирот не е фрескоживописан.

Манастир “Свети пророк Илија” – Воиславци. Камен темелник за изградба е поставен на 19. 09. 2002 година од Митрополитот Брегалнички Агатангел. Осветен е на 22. 04. 2007 година од Митрополиотот Брегалнички Иларион. Иконите се од зограф Тони од Радовиш.

Црква “Св. вмч. Ѓорѓи” – Калугерица. Камен темелник за изградба е поставен 1974 година од Митрополитот Злетовско-струмички Наум, а осветена е на 01. 11. 1980 година, од Епископот Тивериополски и администратор злетовско-струмички Горазд. Иконите се изработени во 1975 година од иконописецот Дончо од Секирник.

Црква “Воснесение Христово” – Погулево. Се претпоставува дека изградбата е започната околу 1940 година, а осветена е 1985 година, од Епископот Тивериополски и администратор злетовско-струмички Горазд. Иконите се од иконописците Гаврил Атанасов од Берово, Дончо од Секирник и Васе Аџов од Велјуса. Црквата не е фрескоживописана.

Ињевско-конченска парохија. Кон составот на оваа парохија влегуваат селата: Ињево, Дедино, Ракитец, Долни Липовиќ, Горни Липовиќ, Габревци, Лубница, Конче.

Парохиски свештеник Златко Пуреовски, ул. “Самуилова” бр. 10, Радовиш; тел. 032/632-531; 075/488-059; роден на 26. 04. 1969 година во Будинарци - беровско; средно Богословско образование завршил во МПБ Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 12. 07. 1994 година, а за свештеник на 09. 08. 1994 од Митрополитот Брегалнички Стефан.

Парохиска црква “Вознесение Христово” – Ињево. Изградена е во 1872 година. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена. Иконите се од 19 век од непознат автор. Црквата не е зографисана.

Црква “Рождество на Пресвета Богородица” – Ињево. Камен темелник за изградба е поставен во 1991 година, а осветена е во 1992 година од Митрополитот Струмички Горазд.

Манастир “Света Петка” – Ињево. Камен темелник за изградба е поставен во 17. 11. 1994 година од Митрополитот Брегалнички Стефан, а осветена е на 22. 10. 1995 година од Митроплитот Брегалнички Сефан. Иконите се од зограф Стефан од Охрид.

Манастир “Свети Архангел Михаил” – Ињево. Камен темелникот е поставен на 27. 04. 1999 година од Митрополитот Брегалнички Стефан, а осветен е на 20. 10. 2002 година од Митрополитот Брегалнички Агатангел. Не е фрескоживописан. Престолните икони се од монахиња Макрина од манастирот “Свети Архангел Михаил” во Берово, а останатите икони се од зограф Тони од Радовиш.

Црква “Свети Николај” – Дедино. Изградена е во 1910 година од мајстор Стоилов од малешевско. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена. Иконите се од 19 век од непознат автор.

Црква “Рождество на Пресвета Богородица” – Ракитец. Изградена е во 1939 година. Кога и од кој архиереј е осветена нема податоци. Зографисана е од извесен зограф аматер од Скопје.

Црква “Успение на Пресвета Богородица” – Долни Липовиќ. Изградена е во 1947 година, осветена е на 21. 04. 1991 година од Митрополитот Струмички Горазд. Зографисана е од аматер зограф од Скопје.

Црква “Св. вмч. Ѓорѓи” – Горни Липовиќ. Изградена е во 1877 година. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена. Иконите се од 19 век од непознат автор.

Црква “Св. цар Константин и царица Елена” – Лубница. Изградена е во 1840 година. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена. Не е зографисана.

Манастир “Свети архиѓакон Стефан” – Конче. Изграден е во 1366 година од војвода Никола Станоевиќ. Кога и од кој архиереј е осветен не е познато. Првиот фрескоживопис е извшен по изградбата, односно до 1371 година, од кој има сочувано мал дел. Вториот фрескоживопис е од 18 и 19 век. Иконите се од Папрадишки и Вангелов од 1921, 1922 година.

Параклис “Света маченица Марина”. Изграден од лицето Митко Атанасов од Габревци. Осветен е на 30. 07. 2005 година.

Подарешка парохија. Кон составот на оваа парохија влегуваат селата: Подареш, Јаргулица, Покрајчево, Злеово и Смиљанци.

Парохиски свештеник Зоран Стојанов, Подареш, Радовиш; тел. 032/641-483; 070/515-692; роден на 15. 01. 1966 година; средно Богословско образование завршил во МПБ Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 19. 07. 1986 година, а за свештеник на 20. 07. 1986 од Митрополитот Брегалнички Стефан.

Парохиска црква “Свети вмч. Ѓорѓи” – Подареш. Изградбата е почната во 1944 година, а осветена во 1980 година од Епископот Тивериополски и администратор Злетовско-струмички Горазд. Иконите на иконостасот се од зограф Дончо од Секирник. Не е зографисана.

Параклис “Свети Димитриј” – Подареш (во изградба). Камен темелник е поставен на 12. 07. 2001 од Митрополитот Брегалнички Агатангел. Во најскоро време треба да биде осветен.

Црква “Свети Ѓорѓи” - Покрајчево. Изградбата е започната во 1936 година, а осветена е во 1937 година. Не е познато кога и од кој архиереј.

Црква “Успение на Пресвета Богородица” – Злеово. Камен темелник е поставен на 12. 07. 1971 година од Митрополитот Злетовско-струмички Наум, а осветена е на 22. 09. 1997 година, од Митрополитот Брегалнички Стефан.

Црква “Свети Димитриј” – Смиљанци. Нема точни податоци кога е започната, кога е изградена и кога и од кој архиереј е осветена. Се претпоставува дека изградбата и осветувањето е по 1920 година.

ТАБЕЛАРЕН ПРЕГЛЕД

1. Вкупен број на свештеници во Епархијата 58

2. Вкупен број на монаси 6

3. Парохиски ѓакони 2

4. Ѓакони во администрација 3

5. Вкупен број на парохии во Епархијата 59

6. Вкупен број на парохиски цркви 27

7. Вкупен број на цркви во парохиите 133

8. Вкупен број на манастири 38

9. Вкупен број на параклиси 12

10. Вкупен број на пензионирани свештеници 9