Нарачка на книги

† † †

Сите издадени книги можете да ги порачате на E-mail адреса: [email protected] со точно наведување на насловите на книгите, бројот на примероци, и името и адресата на која сакате да ви бидат испратени. Книгите ќе ви бидат испорачани во рок од 10 дена. Плаќањето се врши при приемот на книгите.

За секои порачани 5 примероци од книгите – добивате 1 книга бесплатно, за секои 10 примероци – добивате уште 2 книги бесплатно по ваш избор, за 15 примероци – добивате уште 3 книги бесплатно по ваш избор итн. (во порачката наведете кои книги ги сакате бесплатно, а со нив добивате гратис и Детски молитвослов во соодветен број на примероци)

Цената на доставата на книгите до наведената адреса е: За пратка од 1 до 4 книги (со вредност на книгите до 500 ден.) – 100 денари За пакет до 20 примероци од книгите (со вредност над 500 ден.) – 150 денари За пакет над 20 (до 40) примероци од книгите (до 6.000 ден.) – 180 денари Цената на доставата е 30 денари поевтина, доколку сакате самите да си ја подигнете пратката од подружницата на Каргото во наведениот град – во таков случај, потребно е тоа да го наведете во порачката. Заради полесна достава, ве молиме оставете го и вашиот телефонски број.

За порачки надвор од Р. Македонија (Европа, Сад, Канада, Австралија и др.) обратете се со порака на E-mail адресата наведувајќи кои книги ги сакате, во колку примероци и на која адреса надвор од Р. Македонија, па ќе бидете известени за цената на доставата на книгите и за начинот на плаќање и испорака на книгите.

Сите коментари, забелешки и мислења за книгите и библиотеката, како и поплаките за евентуалното доцнење или неиспорака на книгите, може да ги пуштите на горенаведената E-mail адреса.