БИБЛИОТЕКА

Св. Гаврил Лесновски

ПОСТАНЕТЕ И ВИЕ ДЕЛ ОД НАШАТА БИБЛИОТЕКА!

Денес, повеќе од било кога, во време кога ревноста за побожен живот ослабнува и има сѐ поголема желба за приклонување кон духот на овој свет, „кој во зло лежи“, во време кога православната младина, заталкана и без патоказ, во сѐ поголем број припаѓа кон Мајката Црква, чувствувајќи неизгаслива духовна глад и жед за спознавање на вечната Вистина и Живот, се наметнува насушната потреба верниците што подобро да ја осознаат православната вера и православниот дух преку Светото Предание и учењето на Светите Отци, како и преку животот на многу современи свети старци и подвижници, кои се особено живи примери на светост и голема духовна поткрепа за сите оние Христијани, кои сакаат да живеат вистински духовно и православно во денешните услови на отворено Богоотстапништво и Богозаборавеност. За таа цел, Библиотеката „Св. Гаврил Лесновски“ започна со издавање и подготовка на многу светоотечки, светопреданиски и душекорисни книги, но, со оглед на тоа дека живееме во време на криза, им се обраќаме на сите оние кои се подготвени финансиски да го помогнат богоугодното дело на нашата Библиотека, помагајќи им така на многу души кои се гладни и жедни за словото Божјо, и подготвувајќи си го така за себе и за ближните патот кон вечниот живот. Однапред Ви благодариме, и ве чекаме за соработка.


ИЗДАДЕНИ КНИГИ

Св. Лаврентиј Черниговски – НА ДВЕРИТЕ НА ВЕЧНОСТА

Цена: 250 ден.

Старец Виталиј – НА ЧИСТИТЕ СЕ ИМ Е ЧИСТО

Цена: 200 ден.

Молитвеник; 2007, стр. 220

Цена: 100 ден.

Св. Јован Кроштадски – ОДГОВОРИ НА ПРАШАЊА ЗА ДУХОВНИОТ ЖИВОТ

РАСПРОДАДЕНО

СВЕТА ТАЈНА БРАК – Поуки на Православната Црква за бракот и семејството

РАСПРОДАДЕНО

Протоереј Александар Торик – ЦРКОВЕН ЖИВОТ ЗА ПОЧЕТНИЦИ

Цена: 100 ден.

ДЕТСКИ МОЛИТВОСЛОВ – Расказ за молитвата

Цена: бесплатно

ХРИСТОС НАШИОТ НЕБЕСЕН ЛЕКАР –
За болеста и исцелението во Православното предание

Цена: 250 ден.

Архимандрит Рафаил Карелин
– ЗА АБОРТУСОТ И ЗА РАЗВРАТОТ

Цена: 150 ден.

ГОСПОДИ, ОЧИСТИ ГИ
НАШИТЕ ГРЕВОВИ
- Практичен прирачник
за Светата Тајна Покајание
и Исповед

Цена: 150 ден.

Старец Ефрем Филотејски –
ДУХОВНО-ОТЕЧКИ ПОУКИ

Цена: 250 ден.

КАКО ДА ЖИВЕЕМЕ ВО ХРИСТА – Архимандрит Рафаил Карелин

РАСПРОДАДЕНО

Старец Сава Псково-Печерски – ГОСПОДИ,
ТИ СИ МОЈОТ ЖИВОТ

Цена: 250 ден.

КОЈ НÈ УКОРУВА, ТОЈ НИ ПОДАРУВА - Како да се спасиме
- патишта кон
очистување на душата

Цена: 250 ден.