Парохиска црква “Свети Никола” – Крупиште. Во составот на ова парохија се селата: Крупиште, Горни Балван, Долни Балван, Судик, Срчиево, Врсаково, Горно Трогерци, Долно Трогерци, населбите “Три Чешми” и “Свињогојство”.

Парохиски свештеник Тоде Малинковски, ул. “Брегалничка” бр. 33, Штип, тел. 032/396-876; роден на 26. 08. 1963 година во Штип, каде и завршил основно образование. Средно образование завршил во МПБ во Скопје. Ракоположен во ѓаконски чин на 03. 06. 1986 година, а за свештеник на 08. 06. 1986 од Епископот Тивериополски и администратор Злетовско-струмички г. Горазд. Црква “Свети Никола” – Крупиште. Изградена на темели од стара базилика во 1625, а живописана 1627 година, од кој период датира и фрескоживописот и иконите. Делумно живописот е обновен 1880 година, од кој период има и икони од Даниил, Исаја Дебренин и непознати. Кога и од кој архиереј е осветена нема податоци.

Црква “Свети Јован Крстител” – Горни Балван. Изградена е и осветена во 19 век, а живописана 1878 година. Иконите на иконостасот се од истиот период. Од кого е осветена и од кого се фрескоживописот и иконите немаме податоци.

Црква “Свети вмч. Ѓорѓи” – Долни Балван. Не е познато кога е изградена и осветена. Иконите се од 19 век од непознат автор.

Црква “Света Петка” – Судик. Црквата е изградена во 19 век, а возобновена 1956 година. Нема податоци од кого е изградена и осветена. Иконите и дел од фрескоживописот се од 19 и 20 век од Костадин Иванов Вангелов, зограф од Штип.

Манастир “Света Недела”- Штип. Камен-темелник е поставен 14. 09. 1967, а осветен 1968 од Митрополитот Злетовско-струмички Наум.

Црква “Света Богородица” н. “Свињогојство”. Изградена е во 1978 година, а осветена на 18. 02. 1979 година од Митрополит Дебарско-кичевски и администратор злетовско-струмички г. Ангелариј.

Црква “Света Петка” н. “Свињогојство”. Изградена е 1975, осветена на 21. 03. 1976 година од Митрополит Злетовско-струмички г. Наум.

Црква “Света Петка” – Срчиево. Изградена е 1973 година и истата е срушена во 2003 година и е започната нова и сеуште е во изградба. Не е осветена.

Црква “Свети пророк Илија” н. “Три Чешми” (во изградба). Камен темелникот е поставен на 07. 04. 1994 година.

Црква “Света Троица” – Горно Трогерци. Се претпоставува дека е изградена во 19 век. Иконите се од 19 век од Анастас од Крушево и непознати автори. Кога и од кој архиереј е осветена нема податоци.