Во составот на оваа парохија влегуваат селата: Истибање и Прибачево.

Парохиски свештеник Душко Пецов, ул. “Илинденска” 106, Зрновци; тел. 070/336-045; роден на 26. 09. 1979 година во Кочани; средно образование завршил во МПБ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 26. 09. 2004 година, а за свештеник на 14. 10. 2004 од Митрополитот Брегалнички Агатангел.

Парохиска црква “Света Петка” – Истибање. Камен темелник е поставен на 22. 03. 1972 година, а осветен е на 08. 08. 1979 година од Митрополитот Злетовско-струмички Наум.

Црква “Св. Петар и Павле” – Прибачево (во изградба). Камен темелник е поставен во 1996 година од Митрополитот Брегалнички Стефан. Храмот е изграден и во оваа јубилејна година треба да биде осветен. Иконите на иконостасот, како и фрескоживописот Ширшаја и Пантократорот ги има насликано Венко Цветков од Скопје.