Во составот на оваа парохија влегуваат селата: Јакимово, Драгобраште, Виничка Кршла, Црн Камен, Трсино и Калиманци.

Парохиски свештеник Марјан Вучковски, ул. “Јане Сандански” бр. 6 Виница; тел. 033/362-007; 075/624-060; роден на 16. 06. 1964 година во с. Митрашинци - беровско; средно образование завршил во МПБ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 27. 09. 1988 година, а за свештеник на 09. 10. 1988 од Митрополитот Брегалнички Стафан. Парохиска црква “Свети Јоаким Осоговски” – Јакимово. Камен темелник за изградба е поставен на 01. 08. 1993 година од Митропиолитот Брегалничк Стефан, осветен е на 06. 05. 2002 година од Митрополитот Брегалничк Агатангел. Иконите и фрескоживописот се дело на зографот венко Цветков од Скопје.

Храм “Успение на Пресвета Богородица” – Драгобраште. Изграден е во 1883 година. Не е познато кога и од кој архиереј е осветен. Иконите на иконостасот се од 19 век, од зограф Андон и непознати автори.

Манастир “Свето Вознесение Христово” – Драгобраште (во изградба). Камен темелник е поставен на 12. 10. 1996 година од Митрополитот Брегалнички Стефан.

Црква “Света Троица” – Трсино (во изградба). Камен темелник е поставен на 30. 05. 2004 година од Митрополитот Брегалнички Агатангел.