Архиерејски намесник протоереј Атанас Пармачки од Кочани, ул. “Ѓорче Петров” бб, Кочани; работа тел. 033/272-807 дома тел. 033/271-234 моб.070/744-999;

Парохии при храмот “Свети Ѓорѓи” Кочани, тел. 033/272-807.

Парохиски свештеници:
1. Протоереј-ставрофор Станчо Ристов, старешина на храмот, ул. “Бел Камен” бр. 50 Кочани; тел. 033/275-895; 070/272-388; роден на 31. 07. 1964 година во с. Уларци, средно образование завршил во МПБ во Скопје во 1980 година, ракоположен во ѓаконски чин на 13. 04. 1985 година, а за свештеник на 17. 11. 1985 од Епископот Тивериополски г. Горазд, во протоерејски чин произведен на 17. 08. 2003 година, а со право на носење на граден крст е одликуван на 09. 12. 2005 година од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

2. Свештеник Звонко Мишовски, ул. “Раде Кончар” бр. 46 Кочани; тел. 033/274-905; роден на 02. 09. 1956 година во с. Ратаво - беровско, каде завршува основно и средно образование. Дипломирал на Богословскиот факултет на МПЦ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 21. 09. 1984 година, а за свештеник на 27. 10. 1984 од Епископот Тивериополски г. Горазд.

3. Протоереј Владимир Димитров, ул. “Пиринска” бр. 105 Кочани; тел. 033/276-916; 070/820-626; роден на 16. 04. 1944 година во с. Плешенци – пробиштипско, средно образование завршил во МПБ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 02. 11. 1969 година, а за свештеник на 05. 11. 1969 од Митрополит Злетовско-струмички Наум, во протоерејски чин произведен на 08. 01. 2006 година, од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

4. Свештеник Влатко Мирасчиев, ул. “Хо-Ши-Мин” бр. 16 Штип; тел. 032/392-986; 075/728-570; роден на 16. 04. 1977 година во Штип, каде завршува основно и средно образование. Дипломирал на Богословскиот факултет во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 22. 02. 2004 година од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел, а за свештеник на 04. 12. 2006 од Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

5. Протоереј Блаже Атанасов, н. “Трајаново Трло” бб. Кочани; тел. 033/276-568; 070/511-488; роден на 01. 03. 1964 година во Кочани, средно образование завршил во МПБ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 14. 10. 1986 година, а за свештеник на 19. 10. 1986 од Митрополитот Брегалнички г. Стефан, во протоерејски чин произведен на 09. 08. 2002 година, од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

6. Протоереј Атанас Пармачки, ул. “Ѓорче Петров” бб. Кочани; тел. 033/271-234; 070/744-999; роден на 11. 12. 1957 година во с. Разловци, средно образование завршил во МПБ во Скопје , ракоположен во ѓаконски чин на 05. 06. 1983 година, а за свештеник на 20. 07. 1985, во протоерејски чин произведен на 08. 01. 2001 година од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

7. Свештеник Перо Ампов, ул. “Никола Вапцаров” бр. 8 Кочани; тел. 033/277-270; 070/782-831; роден на 21. 08. 1971 година во Кочани, каде завршува основно и средно образование, дипломирал на Богословскиот факултет во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 07. 04. 2002 година, а за свештеник на 12. 07. 2002 година од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

Историјатa на храмот “Свети великомаченик Ѓорѓи” во Кочани. Црквата е изградена во 1917 година. Се претпоставува дека е изградена на темели од стара црква. Старите икони во црквата се од 19 век од зограф Венјамин и непознат автор, а во 2003 и 2004 година за иконостасот се изработени нови икони и во истиот период црквата е фрескоживописана. Иконите и фреските се дело на зографот Венко Цветков од Скопје. Нема податоци кога и од кој архиереј е осветена.

Манастир “Свети Пантелејмон” – Пантелеј. Изграден е во 1864 година. Нема податоци кога и од кој архиереј е осветен. Возобновен е во 1885 година од игуменот Мартинија. По својата архитектура претставува трокорабна базилика, со три куполи. Фрескоживописот е од зографот Димитар Андонов Папрадишки од 1888-1892 година, од кој зограф се и иконите на иконостасот. Во 1988 година, по интервенција на Митрополиотот Брегалнички Стефан, од страна на Заводот за заштита на спомениците е извршена детална реставрација на кровната конструкција, кубињата и фреските.

Параклис “Света Богородица” – манастирски комплекс Свети Пантелејмон - Пантелеј. Еднокорабна градба, изградена и живописана во време на игуменот Хаџи Харалампие, во 1872 година од зографот Захариј Димитров Самоковец, од кој период потекнува и иконостасот и иконите. Нема податоци кога и од кој архиереј е осветена. Поради оштетување на целокупното внатрешно благо во 2002 година, со благослов на Митрополитот Брегалнички Агатангел црквата е реновирана, при што е изработен нов иконостас во длаборез од резбарот Слободан Димитров од Пробиштип, а фрескоживописот и иконите се од зографот Венко Цветков од Скопје.

Параклис-крстилна “Покров на Пресвета Богородица” – Кочани. Камен темелникот е поставен на 09. 12. 1994 година од Митрополит Брегалнички Стефан, а осветена е на 24. 10. 1998 година од Митрополитот Брегалнички Стефан.

Црква “Свети Спас” – с. Полаки (во изградба). Се гради на темели од стара еднокорабна црква со благослов на Митрополитот Брегалнички г. Агатангел. Црквата е сеуште во изградба.

Манастир “Св. Симеон Столпник” – Костин Дол. Изградена е во 1937 година на стари темели од мајстори од Дебар. Не е фрескоживописана и не е познато кога и од кој архиереј е осветена.