Во составот на оваа парохија влегуваат селата: Оризари и Пресека.

Парохиски свештеник: Протоереј Тоше Манев, Оризари; тел. 033/294-664; 070/309-294; роден на 17. 03. 1970 година во Штип, каде завршува основно и средно образование, и дипломира на Богословскиот факултет во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 28. 08. 1996 година, а за свештеник на 14. 10. 1998 од Митрополитот Брегалнички Стефан, во протоерејски чин произведен на 28. 10. 2000 година, од Епископот Дремвитски и администратор брегалнички Јован. Парохиска црква “Св. Атанасие Велики” – Оризари. Изградена е во 19 век, осветена е на 24. 04. 1848 година. Подоцна била делумно разрушена од страна на Турците и повторно обновена во 1876 година. Иконите се изработени во 1875 година од зографот Исаија Макариов од с. Галичник и непознати автори. Нема податоци од кој архиереј е осветена. Црквата не е фрескоживописана.

Манастир “Успение на Пресвета Богородица”, м.в. Горна Пресека. Изграден е во 1926 година, а кога и од кој архиереј е осветен не е познато.

Манастир “Света Богородица” – Добра Вода. Изграден е во 1974 година на темели од стара црква. Осветен е на 01. 05. 1992 година од Митрополитот Брегалнички Стефан.

Манастир “Света Петка” (во изградба). Камен темелник е поставен на 20. 11. 2004 година од Митрополитот Брегалнички Агатангел.