Парохии при храм “Свети Архангел Михаил” – Виница. Ул. Борис Кидрич” 43 тел. 033/361-175

Парохиски свештеници:

1. Протоереј Бранко Богданов, старешина на храмот, ул. “Борис Кидрич” бр. 43, Виница; тел. 033/363-222; 070/272-175; роден на 03. 11. 1961 година во с. Блатец, средно образование завршил во МПБ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 27. 10. 1984 година, а за свештеник на 26. 11. 1984 од Епископот Тивериополски г. Горазд, во протоерејски чин произведен на 11. 02. 2001 година, од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел. 2. Свештеник Николчо Цикарски, ул. “Браќа Миладинови” 29/9 Виница; тел. 033/364-490; 070/516-050; роден на 02. 12. 1973 година во Берово, средно образование завршил во МПБ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 29. 08. 1996 година, а за свештеник на 12. 07. 1999година од Митрополитот Брегалнички г. Стефан.

3. Свештеник Васил Пецуровски, ул. “Раде Кончар” бр 26 Виница; тел. 033/361-767; 070/790-132; роден на 30. 09. 1971 година во с. Русиново - Берово, средно образование завршил во МПБ во Скопје и дипломирал на Богословскиот факултет во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 08. 04. 2001 година, а за свештеник на 31. 03. 2002година од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

4. Свештеник Горан Ангелов, Истибања – Виница; тел. 033/373-243; 071/526-571; роден на 11. 07. 1976 година во Кочани, основно и средно образование завршил во Виница и дипломирал на Богословскиот факултет во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 05. 06. 2005 година, од Митрополитот Брегалнички Агатангел, а за свештеник на 21. 11. 2006 од Митрополитот Брегалнички Иларион.

Парохиска црква “Свети Архангел Михаил” – Виница. Сегашната црква е изградена во 1973 година, на темели од стара црква и е осветена од Митрополитот Злетовско-струмички Наум. Иконите на иконостасот се од 19 век, односно од старата црква, од непознат автор, а фрескоживописот е од поново време, односно отпочнат во 2001 година од зографот Венко Цветков од Скопје.

Црква “Свети Јован Крстител” – Лески. Изградена е во 1848 година. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена. Исто така нема податоци за иконите кога и од кој зограф се изработени.

Црква “Свети пророк Илија” – Градец (во изградба). Камен темелникот е поставен на 30. 07. 1997 година од Митрополитот Брегалнички Стефан.