Во составот на оваа парохија влегуваат селата: Соколарци, Чешиново, Новоселани, Жигјанци.

Парохиски свештеник Стојан Кржовски, Соколарци; тел. 033/356-509; 070/805-765; роден на 10. 10. 1958 година во с. Владимирово; средно образование завршил во МПБ во Скопје, ракоположен во ѓаконски чин на 06. 11. 1983 година, а за свештеник на 20. 11. 1983 од Епископот Тивериополски г. Горазд. Парохиска црква “Свети цар Константин и Елена” – Соколарци. Изградена е во 1848 година, а во 1892 година е реновирана. За тоа кој и кога ја осветил нема податоци. Црквата не е зографисана, иконите се од 19 век од непознат автор.

Манастир “Свети Ѓорѓи” – Соколарци. Нема точни податоци кога е изграден, а реновиран е 1985 година и преосветен 1987 година од Епископот Тивериополски Горазд.

Црква “Света Петка” - Новоселани (во изградба). Поставена е на темели од стара црква. Камен темелникот за изградба е од Епископот Тивериополски Горазд 1981 година.

Црква “Свети Димитриј” - Чешиново. Камен темелник за изградба е поставен на 09. 11. 1996 година од Митрополитот Брегалнички Стефан, а осветувањето е извршено на 03. 06. 2004 година од Архиепископот Охридски и македонски Стефан. Храмот е изграден со доминантно донаторство на г. Влатко Ѓорѓиевски со семејството, сопственик на “МИК” Свети Николе, чија донација се и иконите и фрескоживописот, а иконите се изработени од зограф Венко Цветков.