Во составот на оваа парохија влегуваат селата: Спанчево, Бање, Бели, Нивичани, Пантелеј и Рајчани.

Парохиски свештеник Богатин Јаневски, Спанчево; тел. 033/356-726; роден на 13. 10. 1948 година во с. Пантелеј; ракоположен во ѓаконски чин на 05. 06. 1974 година, а за свештеник на 08. 06. 1974 од Митрополитот Злетовско-струмички Наум.

Парохиска црква “Свети Архангел Михаил” – Спанчево. Црквата потекнува од 8 век и на истата, поради оштетување – рушење, се правени санации во повеќе наврати и тоа: 1874, 1934 и 1988 година. Не е познато кој и кога ја осветил. Нема фрескоживопис. Иконите се од 19 век од Џиков и непознати.

Црква “Вознесение Христово” – Бели. Изградена е во 1870 година. Иконите се од 19 век од зограф Захариа Самоковец и непознати автори. Не е зографисана. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена.

Црква “Света Троица” – Нивичани. Изградена е во 1864 година. Иконите се од 19 век од непознат автор. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена.